15 чудни работи кои ги прават Македонците

Откако живеам во Македонија повеќе од една и пол година и имам македонски пријатели повеќе од 5 години, можам да кажам дека има неколку работи во врска со нив кои ми се чудни.

15-cudni-raboti-koi-makedoncite-gi-pravat-01.jpg

Всушност сега веќе и се навикнав и воопшто не ме изненадуваат.

Сепак ова е листата на 15 најчудни работи за кои ми требаше доста време да ги сфатам:

1. Македонците користат ракија за сè! На прво место за пиење, но имате проблеми со затнат нос? Помирисајте ракија! Ве каснал комарец? Ставете ракија на местото. Прозорците на автомобилот ви се нечисти? Земете ракија. Имате мала рана? Ставете ракија на неа.

2. Македонците секогаш ќе ве прашаат колку пари чини нешто. Имаш нов часовник? За колку пари го купи? Нов автомобил? Колку пари чинеше? Изгледа ова е многу важно прашање овде.

3. Сè се врти околу храната. Главното прашање на денот: што има за ручек и вечера? Исто така тие сакаат да зборуваат со часови за храна.

4. Заради некоја причина совршено нормално е да имате теписи насекаде, и тоа во сите големини и форми. Дури и подот во кујната често е прекриен со тепих.

5. Сите имаат прекар, кој воопшто не ни наликува на нивното име. Но повторно, повеќето Македонци не се многу креативни во поглед на имињата. Најчести имиња тука се Александар и Ана. Така што, да, мора да има прекар за да не го викнете случајно погрешниот Александар...

6. Секогаш се жалат дека немаат пари, а сепак кафулињата се постојано преполни.

7. „Промаја“ е всушност провев во куќата и според постарите генерации нешто кое сигурно ќе ве разболи и е многу лошо, па затоа чувајте ги вратите и прозорците затворени!  

8. Не разбираат кога ќе им кажете: не можам повеќе. Особено бабите во оваа земја ќе ве натераат да се прејадете и во никој случај нема да прифатат „не“ за одговор.

9. Целосно се трансформираат кога ќе влезат во автомобил. Македонците во глобала се многу љубезни луѓе, но штом влезат во автомобил како да добиваат самоубиствени нагони. И мојата реакција не е претерана по ова прашање.

10. Тротоарите се користат за паркирање наместо за движење. И никогаш не возете по десната лента, бидејќи таа е наменета за автобуси и автомобили кои едноставно застануваат овде-онде. Или почнете да возите во рикверц на булевар - да и тоа е можно во Македонија.

11. Не послужувајте торта на почетокот од роденденската забава. Овде тортата се служи на крајот од роденденската забава и откако гостите ќе ја изедат тортата си одат дома. Во Холандија работите се прават сосема спротивно.

12. Кога Македонците ќе ве поканат во нивниот дом, секогаш однесете нешто, независно дали е благо или солено, дури и кога одите на посета кај пријател. Тоа е како некое непишано правило на благодарност за нивната гостопримливост.

13. Бурек со јогурт се смета за добар појадок.

14. Не бидете изненадени кога ќе видите дека постарите генерации разбираат шпански. Порано многу гледале шпански серии и го научиле јазикот. Сега се чини дека сите гледаат турски серии, кои се многу лошо синхронизирани.

15. Речиси 40% од населението во Македонија ги троши последните пари во спортските обложувалници. А, можете да најдете околу 800 обложувалници... Што е навистина лудо, бидејќи во Македонија живеат само 2 милиони луѓе!

Авторката на текстот е Холанѓанка која пред 1,5 година се доселува во Македонија заради својата љубов.

Повеќе за нејзиниот живот во нашата земја може да пронајдете на нејзиниот БЛОГ.

Би можело да ве интересира:

„Лубеници-близначки“ и уште 15 неверојатни работи кои ќе ве зачудат и расположат Јајце во форма на камен, „љубовен“ семафор со срце - некои работи се гледаат сам...
15 фото-докази дека сè уште постои добрина во светот Во време кога почнуваме да ја губиме вербата во луѓето, се дистанцираме и станув...
Не ѝ се враќајте на жена што ве изневерила и уште 11 правила на успешните мажи Слушајте, со главата климајте горе-долу во знак на одобрување и најважно од сè -...
Улични продавачи, џиновски стаорци – Сликите од Њујорк што ретко се објавуваат во јавност Улични продавачи, џиновски стаорци, вреќи со ѓубре на тротоарите... Фотки што по...
Четири карактерни особини кои мажите прво ги забележуваат кај жените Со искрена насмевка и љубезност ќе го освоите секој маж. Освен физичкиот изглед,...
Некогаш згодни фраери, денес проќелавени и збрчкани: Како стареат најпопуларните европски актери? Од Колин Фарел, преку Роуан Аткинсон, до Колин Фирт - како изгледаа популарните ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg