Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Најдобрите бакнежи во историјата на уметноста

Во историјата на уметноста можеме да пронајдеме многу прекрасни дела, од скулптури до слики, кои ја прикажуваат убавината на нежниот бакнеж.

najdobrite-baknezi-vo-istorijata-na-umetnosta-01.jpg

Ова се само дел од најдобрите кои вреди да ги знаете, колку и да не сте заинтересирани за уметноста:

Ain Sahkri љубовници (10.000 години п.н.е.)

Откриени во една пештера блиску до Витлеем, сега можат да се пронајдат во колекцијата на Британскиот музеј. Оваа скулптура е најстариот познат опис на сексуалната љубов. И покрај тоа што не може да се утврди нивниот пол, јасно е дека се работи за двајца љубовници кои се бакнуваат.

Najdobrite-baknezi-vo-istorijata-na-umetnosta-01


Грчка ваза (480 п.н.е.)

Античките грчки вази често прикажуваат бакнежи, но ретко помеѓу мажите и жените. На сликата се двајца мажи.

Najdobrite-baknezi-vo-istorijata-na-umetnosta-02


Херкулес и Омфала (1735 г.)

Бакнежите биле ретки во ренесансно сликарство, но кон почетокот на 18-от век, со појавата на движењето рококо, еротската љубов стана почеста тема за амбициозните сликари. Франсоа Буше бил еден од најпознатите француски сликари.

Najdobrite-baknezi-vo-istorijata-na-umetnosta-03


Бакнежот на Купидон (1787-1793 г.)

Венецијанскиот уметник Антонио Канова бил најголемиот скулптор на неокласичниот период во Европа. Неговото ремек-дело е митолошката љубов на Купидон.

Najdobrite-baknezi-vo-istorijata-na-umetnosta-04


Од поемата на перницата (1788 г.)

Еротиката била основна тема на јапонските гравури во Едо периодот. Utamaro Kitagawa ги претставувал љубовта и сексот во неговата уметност.

Najdobrite-baknezi-vo-istorijata-na-umetnosta-05


Пигмалион и Галатеа (1890 г.)

Жан-Леон Жером правел многу слики и скулптури на темата Пигмалион: скулпторот кој очајно се вљубува со своите уметнички дела. Иако митот за Пигмалион станаа познат поради делата на Овидиј, а подоцна на Џорџ Бернард Шо, ова е исто така, алегорија на уметничкото творештво.

Najdobrite-baknezi-vo-istorijata-na-umetnosta-06


Бакнеж (1908 г.)

Познатото дело на Густав Климт од неговиот т.н. „златен период“.

Najdobrite-baknezi-vo-istorijata-na-umetnosta-07

Љубовници (1928 г.)

Рене Магрит често ги користи мотивите на прекривки околу лицата на љубовниците во своите дела. Без разлика дали сликата ја симболизира вистинската љубов, љубовната фрустрација или нешто друго, Магрит никогаш не ја објаснил истата. Тој инсистирал дека надреалистичките композиции немаат строга смисла.

Najdobrite-baknezi-vo-istorijata-na-umetnosta-08

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Заработува милијаради од производи за убавина, а шета несредена - Како изгледа најбогатата жена во с... Богатството го добила од компанијата која е синоним за женска убавина и шминка, ...
Идеи за идните родители: Каква фотосесија да направите пред раѓањето на бебето? Веќе сте пред породување и сакате да направите фотографии кои засекогаш ќе ве по...
Тортите за првачиња се хит во Македонија (фото) Во Македонија со торти сè почесто се слави половина роденден на бебињата кога ќе...
Неверојатни ситуации што се случуваат еднаш во животот (фото) Некои ситуации може да ви се случат само еднаш во животот и никогаш повеќе. Дури...
Како изгледаат 14 славни мажи и нивните синови на иста возраст? Бруклин Бекам, кој неодамна наполни 25 години, не се разликува многу од неговиот...
Фотки кои покажуваат дека со текот на времето брачните партнери почнуваат да личат еден на друг Се сложувате ли со тоа дека некои парови, по многу години поминати во љубов (бра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg