Влијание на боите во животот
Боите влијаат врз многу аспекти од нашите животи – од расположението и менталната состојба, па до различните нивоа на енергија и емоции. Нашето...
... тело, во јогата е поделено на седум центри на енергија или чакри, а секоја е поврзана со посебна боја и аспект на нашето битие.
На тој начин боите од спектарот на виножитото поминуваат низ нашиот р`бет. Пониско распоредените чакри се поврзани со несвесното, а оние кај срцето и нагоре со свесното во нас. Рамнотежата на чакрите ни помага да бидеме посреќни и позадоволни.
Јога мајсторот Катрина Репка ве води низ различните центри на енергија кои влијаат врз нашата секојдневна среќа и живот:
Челна чакра (помеѓу слепоочниците)
Боја: индиго
Оваа чакра е заповедник на пет елементи, и е поврзана со нашата интуиција и начинот на согледување на стварите.
Срцева чакра (гради)
Боја: зелена
Елемент: воздух
Тука е емоционалната куќа на моќта на нашето тело, и тука се подготвуваат сите наши чувства на тага, сочувство, љубовните простувања и зајакнувањето. Нејзините симболи, два триаголници, претставуваат инспирација и интелигенција.
Грлена чакра (грло)
Боја: сина
Елемент: простор
Грлената чакра претставува центар на комуникацијата – односно, на нашата способност да ја зборуваме вистината. Го контролира начинот на нашата комуникација со другите, и со самите себе.
Коренска чакра (дното на карлицата/нозе и стапала)
Боја: црвена
Елемент: земја
Оваа чакра ги претставува нашите корени, темели, стабилност, финансии и семејниот живот. Црвената боја е поврзана со елементите на земјата, а симболот на оваа чакра е златен квадрат, кој претставува чистота.
Соларна плексус чакра (стомакот)
Боја: жолта
Елемент: оган
Соларната плексус чакра е поврзана со нашата самодоверба, егото и ставот кон различните работи. Претставува извор на сигурноста во животот и нашите лични способности. Симболот на урамнотеженоста е црвен триаголник, кој претставува енергија.
Сакрална чакра (карлицата)
Боја: портокалова
Елемент: вода
Оваа чакра е поврзана со чувството за самите себе и го дефинира она што го сакаме и не го сакаме. Овде се урамнотежуваат сексуалноста, страста, привлечноста, антипатијата и отвореноса. Нејзиниот симбол е сребреникава полумесечуна која покажува дека месечината владее со водата и морските мени.
Крунска чакра (мозок)
Боја: виолетова
Чакрата на главата е над сите елементи и се верува дека го контролира текот на сите чакри.
Терапевтското дејство на боите
Не само стручњаците за јога, туку и психијатрите често напоменуваат дека боите значително влијаат на нашето секојдневие. Така, терапевтката за боја Констанс Харт советува дека би можеле да искористиме одредени бои за да се чувствуваме посреќни и поисполнети.
Виолетово сина
Оваа боја го смирува нервниот состав, ни помага да постигнеме внатрешен мир и да се чувствуваме постабилно. Чашки, перничиња, цвеќе... или било што во оваа боја, можеме да го распространиме околу себе, и со тоа да го измениме нашето секојдневие.
Жолта
Оваа весела боја создава топлина, ни помага полесно да ги процесираме мислите и да ги победиме сомнежите и збунетоста. Претставува одличен лек за депресија и ниско ниво на самоувереност. Мирисот на жолтата боја го создава најсилното памтење, а есенцијалните масла од жолти билки и цвеќиња (лимон, цитрус бергамот и сандаловина) влијаат на истиот начин.
Тиркизна
Тиркизната боја го зајакнува нашиот имунитет. Купете си капут или јакна со тиркизна боја, и – самите ќе ја почувствувате нејзината моќ.
Би можело да ве интересира:





