Познати знаменитости опкружени со легенди
Понекогаш вистината е почудна од фикцијата. Но, се чини дека луѓето секогаш ќе ги сакаат митовите и мистериите повеќе од вистината.
Легендите предизвикуваат чувство на чудење и воодушевување, особено кога се поврзани со познати места, па дури и луѓе.
Ова се познати знаменитости опкружени со прекрасни легенди:
Сфинга
Големата сфинга во Гиза се смета за една од најголемите и најпознатите антички статуи во светот. Сфингата има тело на лав, а глава на човек која личи на египетски фараон. Една од најпознатите легенди за сфингата е онаа принцот на Египет, наречен Тутмос.
Според легендата, принцот Тутмос личел на татко му, поради што неговите браќа биле љубоморни. Поради немирите во својот личен живот, Тутмос преферирал да биде далеку од дома, па често шетал низ пустините.
Еден ден додека ловел застанал пред сфинга, во тоа време позната како Harmachis, богот на Сонцето. Тутмос се загледал во сфингата, молејќи ја да ги земе сите негови проблеми. Одеднаш слушнал глас.
Како што гласот зборувал, очите на сфингата се зголемувале и станале толку светли што Тутмос се онесвестил. Кога се разбуди и ветил на сфингата дека ако стане следниот фараон ќе ја ослободи сфингата од песокот и ќе ја овековечи во камен.
Тутмос навистина станал новиот владетел на Египет, оставајќи ги своите проблеми зад себе.
Приказната станала позната кога пред 150 години група археолози пронашле камена плоча на која била опишана приказната за принцот Тутмос и заклетвата која тој ја дал на големата сфинга од Гиза.
Кинескиот ѕид
Трагичната романса е само една од многу легенди поврзани со Големиот ѕид во Кина. Приказната за Meng Jiangnu е една од најсуровите приказни.
Легендата вели дека еден маж и една жена од семејството Meng живееле до друг пар од семејството Jiangnu. И двата пара биле среќни, но ниту еден од нив немале деца.
Како годините минувале, Meng двојката решила да засади тиква. Лозата се зголемила и почнала да никнува во имотот на Jiangnu парот. Бидејќи биле пријатели долго време, паровите решиле да ја споделат тиквата.
На нивно изненадување, кога ја поделиле тиквата во средината пронашле бебе. Паровите решиле да го воспитуваат заедно девојчето, а ја нарекле Meng Jiangnu.
Meng Jiangnu пораснала во убава млада жена. Таа се омажила за еден млад човек кој се криел од официјалните лица, бидејќи тие се обидувале да ги принудат младите мажи да започнат со изградба на Кинескиот Ѕид. Сепак, тој не можел да се крие засекогаш, па само три дена откако се венчале тој морал да го гради ѕидот.
Тој после некое време починал, а неговото тело останало да лежи под ѕидот. Meng не можела да ја контролира нејзината тага, па плачела три дена поради што дел од ѕидот на кој била потпрена се распаднал.
Царот сакал да ја казни за оштетувањето на ѕидот, но штом го видел нејзиното прекрасно лице ја побарал за жена. Таа се согласила, но побарала три работи од царот за возврат.
Сакала да се организира погреб за нејзиниот покоен маж, да го жалат сите, вклучувајќи го и царот и сакала да го види. По погребот таа извршила самоубиство со фрлање во океанот.
Нијагарините водопади
Оваа легенда има многу различни верзии. Најпознатата зборува за една девојка по име Lelawala која им била понудена на боговите, со цел да ги смири и задоволи.
Требала да биде фрлена во Нијагарините водопади. Од сигурна смрт била спасена од страна на богот на громот по име Hinum, кој и раскажал како да ја убие огромната змија која ја населелувала реката.
Таа ја пренела пораката во своето село, а луѓето почнале да ја напаѓаат змијата. Многумина веруваат дека борбите кои следеле ги формирале Нијагарините водопади во форма во која се останати и ден денес.
Планината Етна
Планината Етна, која се наоѓа на источниот брег на Сицилија, е еден од најголемите и најактивните вулкани во Европа. Првата позната ерупција се случила во 1.500 п.н.е., а вулканот еруптирал најмалку 200 пати од тогаш.
Легендата вели дека ерупции биле предизвикани од големо чудовиште, како змија со многу глави. Ова огромно чудовиште било познато како Тифон, син на божицата Гаја. Тифон бил бунтовно дете поради што Зевс го избркал да живее под планината Етна.
Неговиот гнев предизвикува ерупција.
М. А. | Црнобело