Бизарни верувања на познатите автори

Анксиозност, односно голема и честа вознемиреност може да биде честа ментална болест која зазема различни форми. 

Bizarnite-prikazni-na-poznatite-hipohondrici-01

Денес, клиничкиот термин за оваа болест е хипохондрија.

Некои од најпознатите хипохондрици во минатото биле уметници и креативни мислители.

Иако тие постигнале многу значајни успеси, нивните приватни животи нуделе бизарни, поинакви приказни:

Ханс Кристијан Андерсен

Познатиот автор на бајки, Ханс Кристијан Андерсен, е роден во 1805-та година, а поголемиот дел од неговото детство го поминувал во интернати за данската елита, иако неговото семејство не било богато.

Андерсен бил познат меѓу неговите колеги како заморен хипохондрик. Неговиот пријател, Вилијам Блох, изјавил дека Андерсен верувал дека малиот белег над неговата веѓа ќе се зголеми и ќе го покрие неговото око и дека ако случајно се допре за бастунот на Блох ќе му пукне стомакот.

Ова чудно однесување на Андерсен веројатно го влошило пријателство помеѓу него и Чарлс Дикенс.

Bizarnite-prikazni-na-poznatite-hipohondrici-01


Франц Кафка

Роден е во 1883-та година во Прага, Франц Кафка стана познат надреалистичен и егзистенцијалистичен автор.

И покрај неговите достигнувања, Кафка страдал од спомените на неговото детството, поради менталната злоупотреба од неговиот татко, Херман.

Тој во едно писмо ги опишал сите детали, односно како татко му го омаловажувал во неговите творечки напори и дека имал двојни стандарди.

Поради ова тој имал ирационални стравови во врска со неговото здравје и тело. Неговата длабоко вкоренета несигурност зема облик на нездрава опседнатост со неговото тело.

Кафка ова го опишувал како „чувство дека на средина на телото имам топка од волна“.

Bizarnite-prikazni-na-poznatite-hipohondrici02


Едгар Алан По

Роден во 1809-та година, станал сирак на возраст од три години. Едгар Алан По стана мајстор на неизвесноста и хоророт.

Еден пријател од детството, Џон Мекензи, изјавил дека По страдал од кошмари и визии дека нечии ладни раце го држат за лицето. Тој често бил опседнат со смртта.

Bizarnite-prikazni-na-poznatite-hipohondrici-03


Шарлот Бронте

Шарлот Бронте, најстарата од познатите сестри Бронте, е родена во 1816-та година во викторијанска Англија.

Шарлот ја изгубила својата мајка кога имала 5 години, а нејзинот постар брат Патрик и сестра и Ана, починале три години подоцна.

Потресена од ужасите на смртта во младата возраст, Бронте страдала од депресија, поради која често имала страшни кошмари.

Bizarnite-prikazni-na-poznatite-hipohondrici-04


Марсел Пруст

Израснат во француската буржоазија во доцните 1800-ти, Марсел Пруст станал почитуван автор. Страдал од хронична астма и други разни заболувања.

Со текот на времето тој развил чудни фасцинации и параноја. Бил опседнат со астмата и се плашел дека ќе умре секој пат кога имал вирус или кога кивал.

Bizarnite-prikazni-na-poznatite-hipohondrici-05

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка ...
6 јога вежби кои ќе ви помогнат да заспиете (се прават на кревет) Јогата е одличен начин да се опуштите пред спиење, а уште подобро ако направите ...
Најзначајните и најубавите скулптури од минатото кои треба да ги знаете од општа култура Покрај мистичната сфинга во Гиза и статуата на Венера, односно Афродита, во Лувр...
Одлики што им се заеднички на успешните луѓе, според психолози Покрај очигледната самодоверба, ако сакате да бидете успешни, важно е да презема...
Лак за нокти, фен за коса – Како изгледале секојдневните предмети во минатото? (фото) Сте виделе ли како изгледа фен за коса од пред 100 години? А, знаете ли какви вл...
Исповед на еден нарцисоиден маж: „Сакам да бидам сакан, но не ме привлекуваат тие што ме сакаат“ „Јас сум студена, себична личност без срце. Немам сочувство кон другите, се гриж...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg