10 навики кои ги имаат хронично несреќните луѓе

Среќата доаѓа во различни облици, па токму поради тоа тешко може да се дефинира. Од друга страна, многу едноставно може да се забележи кога некој е несреќен. А, таа несреќа влијае и на луѓето во вашата околина.

10-naviki-koi-gi-imaat-hronicno-nesrekjnite-lugje-01.jpg

Постои едно истражување кое било правено цели 8 години кое открива дека луѓето кои се наоѓаат покрај некој кој е несреќен, често имаат лоша здравствена состојба и пократок животен век.

Едно истражување направено во Универзитетот во Илиноис открива дека оние кои заработуваат повеќе од 10 милиони долари годишно се само малку посреќни од своите работодавачи. Животните околности не се поврзани со среќата, бидејќи истата е под наша контрола. Таа е продукт на нашите животни навики и погледи за животот.

Психолозите од Универзитетот во Калифорнија кои ја проучуваат среќата откриваат дека генетиката и животните околности чинат 50% од среќа на поединците.

Поголемиот дел од нашата среќа е одреден од навиките, па затоа внимателно треба да следите што правите во животот, бидејќи некои ваши навики можат да ве направат несреќни.


Чекате наеднаш да се случи нешто добро

Една од наивките кои може да предизвикаат константна несреќа е таа кога луѓето сами на себе постојано си велат: „Ќе бидам среќен кога...“. Начинот на кој ќе ја завршите таа реченица, па дури и да сте кажале нешто позитивно, не е важен, бидејќи реченицата ги нагласува околностите.

Не го трошете времето во чекање на нешто што зависи од ситуацијата, нешто што може и да не се случи. Фокусирајте се на сегашноста.


Трошите премногу време и труд да стекнете нешто

Луѓето кои живеат во сиромаштија чувствуваат зголемување на среќата кога ќе им се подобри финансиската состојба, но тоа правило брзо паѓа кога платата е поголема од 20.000 долари годишно.

Многу истражувања покажале дека материјалните работи не ги прават луѓето посреќни. Кога ќе стекнете навика да целите кон нешто поголема е веројатноста дека ќе бидете несреќни, бидејќи тогаш кога ќе дојдете до целта сфаќате колку многу сте жртвувале за работите кои сте ги посакувале.


Останувате дома

Кога се чувствувате несреќно идејата е да ги избегнувате луѓето ви се чини примамлива, но тоа е голема грешка. Останувањето дома и избегнувањето на другите луѓе може само дополнително да го уништи вашето расположение и да ве направи уште понесреќни.


Се сметате за жртва

Несреќните луѓе често сметаат дека нивниот живот е тежок и вон нивна контрола. Поради тоа се чувствуваат беспомошно и не преземаат ништо за да ги подобрат работите. Важно е да се ослободите од оваа лоша навика која влијае на целиот поглед на животот.


Песимистични сте

Песимизмот ве поттикнува да се чувствувате несреќно. Проблемот со песимистичниот став е тоа што влијае на вашето расположение, бидејќи имате чувство како работите за кои сте размислувале навистина да ви се случуваат. Кога ќе сфатите дека песимистичните мисли не се логични, ќе видите дека работите не се така лоши како што сте мислеле.


Зајадливи сте

Овој начин на однесување е прилично проблематичен. Ако постојано си кажувате и мислите дека ќе ви се случат негативни работи, на крајот навистина ќе ви се случат. Покрај тоа што зајадливоста ве прави вас несреќни, таа може да ги оттргне и луѓето околу вас.


Претерувате

Лошите работи се случуваат на сите. Но, среќните луѓе сфаќаат дека се само краткотрајни, а несреќните луѓе мислат дека лошите работи се долгорочен доказ за нивната несреќа.


Ги ставате проблемите „под тепих“

Кога среќните луѓе ќе направат грешка, ја признаваат. Несреќните луѓе сметаат дека проблемите и грешките им пречат во напредувањето па често се обидуваат да ги сокријат, а ако ги игнорираме проблемите истите само растат.


Не напредувате

Несреќните луѓе се песимистични и имаат помалку контрола над сопствениот живот, па чекаат работите сами од себе да се случат. Несреќните луѓе се инертни и често се чудат зошто ништо не се менува околу нив, а реалноста е дека и нема да се промени доколку самите не преземат нешто околу тоа.


Се споредувате со другите

Љубомората и зависта не се компатибилни со среќата, па ако постојано се споредувате со другите, време е да престанете да го правите тоа. Во едно истражување, поголемиот дел од испитаниците рекле дека ќе се чувствуваат добро ако заработуваат помалку, само ако и другите околу нив заработуваат помалку. Бидете внимателни со ваквиот начин на размислување, бидејќи нема да ве направи посреќни.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10-те најсмртоносни временски непогоди од изминативе 20 години Топлотните бранови во Европа, но и бурата што лани зафати делови од Грција и Буг...
10 фото-докази дека мажите и жените се навистина од различна планета „Му реков на сопругот да ми купи неколку штипки за коса додека е во маркет. Доби...
Разводи, ненадејна смрт – Луѓе за кои милионската добивка на лотарија била клетва наместо благослов Маргарет Лори од Ирска освоила над 27 милиони евра на лотарија, но поради ова се...
8 корисни работи од Али Експрес (кои можеби не знаевте), но ви се потребни во домот Овие работи не чинат многу, а ќе ви олеснат некои работи во домот. Кажете им збо...
Била ѕвезда во Холивуд, татко ѝ ја убил на 10-годишна возраст: Тажниот и краток живот на актерката Џ... До 10-годишна возраст, Џудит Барси се појавила во 70 реклами, како и неколку поп...
Како да откриете дали купувате оригинал или ви продаваат копија од познатите брендови? Патики Adidas, часовници на брендот Tissot, но и iPhone мобилни - како да п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg