Најхрабрите жени во историјата

Низ историјата на човештвото, тешкиот темперамент, непоколебливата волја и упорноста по секоја цена најчесто биле карактеристики кои им се припишувале на мажите. Сепак, постоеле и жени кои ги воодушевувале нивните современици со смелост и храброст.

Hrabri-i-smeli-zeni-niz-istorijata-03

Ова се некои од бестрашните дами кои имаат различно потекло, но заеднички карактеристики.

Juana Ines de la Cruz

Juana Ines de la Cruz (1651-1695), родена во Мексико поседувала таленти уште од рано детство. Таа научила да чита на возраст од 3 години. На возраст од 8 години почнала да пишува стихови.

Девојката била прекрасна, поради што имала голем број на додворувачи, но решила да се приклучи во манастир. Низ историјата се памети како единствениот пркосен поет и научник, а нејзините дела сé уште се објавуваат.

Hrabri-i-smeli-zeni-niz-istorijata-01


Eleanor of Aquitaine

Елинор била жена на двајца цареви и носител на три круни. Нејзиниот прв сопруг бил Луј VII, кралот на Франција. Тие се развеле по 13 години брак, а Еленор уште еднаш станала многу барана невеста.

Нејзиниот втор брак бил со Хенри II од Англија. По некое време, сепак страста на нејзиниот сопруг исчезнала, па на крајот тој ја затворил во замокот да не му се меша во животот. Елинор во замокот остана околу 16 години пред да биде ослободена од страна на нејзиниот сакан син, Ричард Лавовско Срце, кој станал цар.

Ги надживеала осумте од нејзините десет деца, а починала на возраст од 82 години.

Hrabri-i-smeli-zeni-niz-istorijata-02


Сестрите Мирабал

Патрија, Минерва, и Марија Тереза Мирабал биле три сестри кои ја предводеле борбата против политичкиот режим на Рафаел Трухило, Доминиканскиот лидер. Тие се бореле за слободата и демократијата во нивната земја, поради што станале членки на револуционерното движење.

На 25-ти ноември 1960-та година, владата ги убила сестрите, што се покажаа како ужасна грешка, бидејќи актот предизвика масовни бунтови. За само шест месеци, Трухило бил заробен, а неговиот режим се распаднал.

Обединетите нации го прогласиле 25-ти ноември за Меѓународен ден за елиминација на насилството врз жените.

Hrabri-i-smeli-zeni-niz-istorijata-03


Ненси Вејк

Гестапо има понудено 5 милиони франци за главата на Ненси, но и покрај нацистите, не успеале да ја фатат Ненси Вејк. Таа била агент на францускиот отпор, поради што често се наоѓала во опасни ситуации, а учествувала и во операции на терен.

Таа била вистински воин; еднаш убила нацистичкиот стражар со голи раце, односно со користење на боречки вештини.  По војната и биле доделени бројни медали од разни земји. Почина во 2011-та година на возраст од 98 години.

Hrabri-i-smeli-zeni-niz-istorijata-04


Tomoe Gozen

Многу жени во јапонската историја морале да земат оружје во рака, но Томое била најдобрата меѓу нив, а како таква била еден од најспектакуларните примери на жени самурај во Јапонија. Томое е иконско лице и редок пример на жена воин. Нејзината слика често се користи во аниме и драми.

Hrabri-i-smeli-zeni-niz-istorijata-05


Роза Луксембург

Оваа жена ќе биде вечно во аналите на историјата како еден од највлијателните револуционери. Роза била постојано потисната за време на Првата светска војна за антивоена пропаганда, но тоа не ја спречило во нејзината борба и продолжи да пишува статии и брошури.

Ги повикала жените и нејзините пријателкии да ја одиграат својата сопствена улога во политиката, без барање на дозвола од нивните сопрузи. Роза на крајот морала да плати со својот живот за таквите верувања, но сепак стана позната како една од најхрабрите жени на минатиот век.

Hrabri-i-smeli-zeni-niz-istorijata-06

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жолто Фиќо „лета“ со 150km/h на автопат и стана хит на Инстаграм: „Нема ни сензори, ни регулатори, а... „Нема DPF, нема EGR, нема електрични дизни, нема регулатор на притисокот, нема с...
14 градови и области со уникатно урбанистичко планирање (фото) Венеција во Италија, кружно соседство во Копенхаген, гробишта во Париз – урбанис...
Тешкиот живот на мајката на Џеф Безос – Го родила на 16 години, немала пари Мајката на еден од најбогатите луѓе во светот имала исклучително тежок живот и с...
Најзначајните и најубавите скулптури од минатото кои треба да ги знаете од општа култура Покрај мистичната сфинга во Гиза и статуата на Венера, односно Афродита, во Лувр...
Модерни навики и промени во светот што им пречат и на младите луѓе „Преку глава ми е што треба да користам посебна апликација за секој аспект од жи...
8 фрази што ги користат луѓето кои се лицемерни кон вас, за да ве манипулираат „Не мисли толку многу“, „Заборави и опушти се“, „Не сакам да се фалам...“ Кои ре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg