Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


8 добри причини зошто да одберете самотија

Доаѓате дома, си варите кафе, седнувате во фотелја, а околу вас - тишина. И само вие може да одлучите што е тоа - осаменост или слобода.

8-dobri-pricini-zosto-da-odberete-samotija-01.jpg

Во животот толку многу време трошиме на тоа да бидеме со најблиските, што за себе, буквално немаме време. А, на секој од нас понекогаш му е неопходно да остане сам.

Ако ви недостасува уште некоја добра причина која ќе ве убеди дека понекогаш „сами на себе сте си доволни“, ви нудиме 8.

1. Самотијата ја чисти нашата свест

Во текот на денот се полниме со информации од секој што ќе го сретнеме и од се што ќе видиме. И сами не забележуваме како тие информации влијаат на нашиот живот, а за жал најчесто тоа е негативно.

Затоа понекогаш едноставно неопходно е да размислите за сè и да одлетате со мислите на место каде никој нема да ве вознемири.


2. Креативноста, исто така си бара мир и тишина

Кога остануваме сами и не размислуваме за нешто конкретно, нашата фантазија добива слобода. Во тој момент слободно може да се родат магични идеи.


3. Самотијата помага да се зацврсти сигурноста

Благодарение на самотијата, повеќе нема да ни биде важно мислењето на околината. Само така ќе почнеме да го слушате гласот кој ни кажува дали сме „за“ или „против“ нешто.


4. Стануваме посамостојни

Кога остануваме сами со себе, можеме да фантазираме и да создаваме цели на основа на нашите соништа, без влијание на другите.

8-dobri-pricini-zosto-da-odberete-samotija-02.jpg

5. Самотијата ја изострува перцепцијата

Оградувајќи се од емоциите и грижите за надворешниот свет, многу е полесно да ги донесете вистинските заклучоци или поинаку да погледнете на проблемот кој ве уништува.


6. Корисно е да останете сами со себе за да ги намалите стресот и нервозата

Самотијата ви помага да си ги доведете мислите во ред, по напорниот ден.


7. Најдобар начин да се запознаеме себеси

Направи кратка пауза од комуникацијата со средината - и ќе забележиш колку полесно ќе ги направиш и одредиш своите приоритети.


8. Самотијата ги зајакнува врските

Контрадикторно, но дури и најблиските немаат постојана потреба за нашето внимание. Кога имаме време да се цениме и разбереме себеси, поспособни сме да ги разбереме и цениме другите.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 скриени причини зошто се чувствувате несреќно и под стрес Дали си задавате премногу обврски во текот на денот, па немате време да ги заврш...
5-те најскапи училишта во светот – над 100.000 евра за една година Знаевте ли дека петте најскапи училишта за основци и средношколци се наоѓаат во ...
Ретро позадини од Windows што ќе ви вратат спомени Легендарната позадина со зелена полјана и светлосино небо или фотографијата со м...
Бонтон грешки со кои несвесно го иритирате персоналот во ресторан (и им ја отежнувате работата) Со едно кафе, седите по неколку часа и одите во ресторан кога е очигледно дека с...
15 фото-докази дека Австралија е необично место за живот Австралија е прекрасен континент - убави градби, уникатна флора и фауна, дом на ...
Вени во форма на круг и уште 9 уникатни генетски карактеристики – доказ дека човечкото тело е чудо „На усните ми недостасува пигментација“, „Повремено ми се појавува црвен бе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg