Мистериозниот гуру кој стои позади ZARA е вториот најбогат човек на светот
Business Insider штотуку ја објави листата на 50 најбогати луѓе во светот, и без големо изненадување, првото место повторно го држи Бил Гејтс.
Но, второто место беше за неверување, затоа што на него се најде мистериозно име.
Со богатство од $66,8 милијарди долари, 79-годишниот Амансио Ортега, за малку го турна Ворен Бафет на третата позиција.
Мали се шансите да го знаете презимето Ортега, но барем во една од неговите продавници со сигурност сте влегле и сте потрошиле некој денар.
Се работи за најголемата модна империја Inditex, со повеќе од 6.900 продавници низ светот, од кои најмногу под брендот Zara.
Амансио исто така е сопственик и на брендовите Pull&Bear и Massimo Dutti, но Zara е најзаслужна за неговиот моментален успех.
И покрај тоа што е вториот најбогат човек во светот, Ортега живее приземно и скромно, редовно ручајќи со своите вработени во кафетеријата на фирмата, носејќи едноставна униформа од бела кошула и сино сако.