Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


5 легендарни дуа кои се мразеле меѓусебно

Кога ги гледаме од наша перспектива, некои познати дуа, било да се работи за музичари, актери или комичари, изгледаат совршено синхронизирани, како најдобри пријатели. Впрочем, како можат двајца луѓе кои работат заедно и создаваат прекрасни нешта да не се сложуваат меѓусебно, нели?

5-legendarni-dua-koi-se-mrazele-megusebno

Па, тоа не е точно секогаш. Некои од легендарните партнерства немаа толку многу хемија зад сцената. Откако ќе го завршат снимањето или заедничкиот настап не сакале да се гледаат едни со други.

Ова се 5 легендарни дуа кои се мразеле меѓусебно во приватниот живот:

1. Мик Џегер и Кит Ричардс

Да, Ролинг Стоунс се повеќе од само Мик Џегер и Кит Ричардс, но невозможно е да се негира дека токму нивната соработка создаде околу 99% од музиката на Ролинг Стоунс. Кога ги слушате Ролинг Стоунс ја слушате креативноста на Џегер и Ричардс. Мик не се согласувал со Кит и многу често тие воделе бурни расправии. Причините за нивните бројни расправии биле поради различни девојки, дрога, снимање, обиди за соло...

5-legendarni-dua-koi-se-mrazele-megusebno-01


2. Мег и Џек Вајт

Спорните односи помеѓу поранешните маж и жена биле поради недостаток на комуникација. Мег и Џек Вајт не можеле заедно да работат во бендот Вајт Страјпс, бидејќи, според Џек, Мег била многу антисоцијална. Дури и во екот на успехот на бендот, Џек вели дека покрај неа се чувствувал осамено.

Иако Џек секогаш и давал комплименти за нејзините способности како тапанар, тој често не и дозволувал да зборува во заедничките интервјуа, делумно поради нејзиниот недостаток на ентузијазам.

5-legendarni-dua-koi-se-mrazele-megusebno-02


3. Сајмон и Гарфанкел

Најголемиот јаз кој се развил помеѓу овие двајца пејачи и едни од најголемите дуа во музиката историја произлегол од љубомора на Пол Сајмон. Ова започна кога на двајцата им била понудена улога во филмот на Џозеф Хелер „Catch-22“, каде деловите со Сајмон биле исечени од филмот.

5-legendarni-dua-koi-se-mrazele-megusebno-03


4. Молдер и Скали

„X-Files“се прикажуваше 9 сезони. Иако тематски се работеше за натприродното, паранормалните феномени, вистинските херои на серијата беаспецијалните агенти Фокс Молдер и Дејна Скали, односно нивната врска.

Актерите признаваат дека помеѓу нив имало големи расправии и периоди кога не сакале да глумат заедно. Причините за нивното меѓусебно непочитување немаат конкретна почетна точка, веројатно се работело за егото.

5-legendarni-dua-koi-se-mrazele-megusebno-04


5. C-3PO & R2-D2

Овие два дроиди пријатели се главната причина зошто толку многу деца станаа фанови на универзумот на Џорџ Лукас. Нивните авантури често воделе до смешни недоразбирања и ситуации. Но, иако симпатични на сцената, актерите меѓусебно не се сакале зад сцената.

5-legendarni-dua-koi-se-mrazele-megusebno-05

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Знаци по кои ќе ги препознаете луѓето што ве озборуваат и ве осудуваат Да бидеме отворени: сите понекогаш знаеме да ги осудуваме другите и тоа е сосема...
Пред и потоа: Луѓе кои ги промениле лошите навики и целосно се трансформирале  „Пред една година, ставив крај на токсична врска и научив да се сакам себеси“. ...
Момци со брокула фризура, претерани филери и уште 11 трендови од последната декада што на луѓето им ... Дали во последниве години стана тренд да се остава бакшиш за секоја можна услуга...
10 идеи за божиќни подароци од Sinsay до 600 денари Меки домашни папучи, декоративен послужавник, чорапи со празнични мотиви… Мек...
11 вистински фотки кои делуваат како да излегле од виртуелна реалност Некои работи се пред нас, а сепак мора да ги протриеме очите за да се осигуриме ...
Најлудите работи што можете да ги сретнете во супермаркет во Кина Месо од крокодил, но и бесплатен автобуски превоз до вашиот дом – што можете да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg