Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Фатете ги лажливците на дело

Се сомневате дека вашиот партнер нешто ве "мота" или пробува нешто да скрие? Кога лажеме, речиси e невозможно да се скрие. Барем пред оние кои...

 

... знаат на што треба да обрнат внимание.

Во таа насока, овој пат ќе ви помогнеме како да проверите дали помеѓу блиските ваши, во кои спаѓа и партнерот до вас, се наоѓа некој Пинокио:

Следете ја приказната
Лажливците никогаш не забораваат она што имаат да го кажат, но мала деконцентрација и лесто ќе се збунат па ќе изјават јасна контрадикторност и неповрзаност.  Истовремено, имаат голема желба да ја сменат темата на разговор.

Говор на телото
Лажливците често си играат со косата, го чешкаат вратот, ги тријат очите, телото им е често свртено во друга насока, "тресат" со нозете. Исто така, тешко голтаат и честопати ако нешто им се порекне, често со главата изразуваат несогласување. Кога ќе се смени темата изгледаат посреќни и делуваат како да им е поудобно и повеќе не се смеат нервозно, туку природно.

Одбрана
fatete-gi-lazgovcite-na-delo1
Лажливците многу лесно се навредуваат ако се појави и најмала индикација дека некој во нив се сомнева. Многу често поради таа причина стануваат агресивни во смисла на тоа да на вашите несогласувања одговараат контра и нападно. Исто така многу ќе зборуваат бидејќи имаат потреба подетално да ги објаснат работите.

Израз на лицето

Лажливците не можат да ги контролираат малите движења на лицето. Додека лажат, можете да забележите собирање на очните капаци, а со дланката го прекриваат лицето. Луѓето настојуваат да ди допираат лицето и устата кога се чувствуваат криви. Особено се добри со лажното смеење.

Пинокио
Кога кажуваме лаги, дополнително количество на крв се пумпа низ одредени делови на телото и носот кој навистина малку се зголемува - се работи за милиметри, и заруменува. Исто така, лажговците честопати несвесно го допираат врвот на својот нос.

Очи

Лажговците вас ќе ве гледаат без да трепнат или ќе го избегнуваат вашиот поглед. Ако личноста гледа нагоре или во лево, значи дека ја кажува вистината бидејќи тоа е страната на мозокот која ја користиме кога се потсетуваме на одредени информации.

Ако ве лажат, ќе гледаат нагоре и на десно бидејќи тоа ја открива креативната страна на мозокот затоа што во тој миг мозокот конструира невистини.

Глас
Колку повеќе вложил, толку повеќе лажгото ќе биде уплашен да не биде фатен. Затоа тешко го контролира говорот на телото и гласот. Ќе ја менува бојата на гласот и фрекфенцијата, и честопати ќе застанува при зборување. Неговите одговори често се монотони, како да ги повторувал неколку пати пред да ги каже и добро се подготвил за нив.

Би можело да ве интересира:

Проблемите и двојните стандарди со кои се соочуваат жените во модерното општество, низ илустрации „Општеството очекува жените да работат како да немаат деца и да се грижат за дец...
Како изгледаат 25 години подоцна актерите од Gilmore Girls, кои ги обожававме на почетокот на 2000-т... Актерката што ја глумеше Лорелај Гилмор денес има 58 години и понатаму снима сер...
Шведски бон-тон правила што би сакале да почнат да се применуваат и кај нас Никој не го прескокнува редот пред шалтер само за да праша нешто, а на автобуска...
15 луѓе кои направија пластична операција и конечно се среќни со изгледот „Операцијата на носот е најверојатно најдобрата одлука што сум ја донела во живо...
13 работи кои ги правите на доктор, а не треба (не се според бон-тон) Не го откажувате терминот на „Мој термин“, прашувате за здравјето на други пацие...
10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg