Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Што се тарот карти?

Тарот картите датираат од времето на античкиот Египет. Овие карти, како окултен систем, се опкружени со многу митови и легенди.

Sto-se-tarot-karti

Познато е дека египетските свештеници го користеле системот на тарот картите во многу ритуали. Кога би се прашале што е всушност тарот и зошто со векови постои голем интерес за истите, може да се каже дека се работи за систем на мистични пораки од минатото.

Тарот бил високо почитуван спиритуален инструмент за предвидување на иднината. Тарот, како древна форма на знаење, се состои од 78 карти, кои се поделени на аркани, мала и голема.

Големата аркана ги претставува архетиповите, односно концептите на животот и природата на секој поединец.

Малата аркана во таротот ги симболизира сите ментални карактеристики, процеси и околности. Симболиката на таротот, претставена преку езотерични симболи, ја симболизира вратата на духовниот свет и космичките тајни.

Многу луѓе кои сакаат да ги научат тајните на судбината ги користат овие карти кои, за разлика од другите карти, можат да обезбедат целосен и детален одговор на поставеното прашање.

Се работи за една од најпопуларните и најкомплетните медиуми кои се користат за да се добие увид во себе, разбирање на настаните и луѓето околу нас.

Но, поради мислењето дека исходот од тарот картите е дефинитивен, луѓето често се плашат од нив.

Сепак, тарот картите не можат да ви ја раскажат иднината си прецизност, тие се само водич за решавање на ситуациите и проблемите.

Името „тарот“ потекнува од францускиот јазик, а се користело за шпилови карти создадени кон крајот на 14-от век.

Во анализа на минатото, сегашноста и иднината таротот може да овозможи избегнување на непотребните грешки. Поради неговата мистична природа, таротот се смета за форма на астрален енергетски транспортер. Секоја карта се состои од езотерични симболи преку кои можат да се визуелизираат можните запишан настани.

Со нив треба да се “игра“ внимателно. Користењето на овој систем, како и самата интерпретација мораат да бидат во согласност со големите закони и принципи. Секој кој сака да ја научи оваа техника мора прво да ја научи теоријата, постојано да се развива ментално и да го почитува интегритетот и желбата.

Тарот ни дава можност да ги пронајдеме клучевите на рамнотежата и хармонијата и да ги зајакнеме своите духовни вредности во животот. 

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10-те најскапи парфеми во светот – чинат и над 1 милион долари Најскапиот парфем на познатиот бренд Chanel е познат како Grand Exraict, а шишен...
8 совети да позирате како модел (и да немате здодевни Инстаграм фотки) Ви се случило ли да ја уништите совршената фотографија поради гримаса? Или лоша ...
Првото дете им почина, се венча со друга жена 6 недели по разводот: Детали за првиот брак на Илон Ма... „Имавме огромна куќа со послуга. Одевме на гала свечености и седевме на најдобри...
„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ... „Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...
Детали од секојдневието во Јужна Кореја што нам ни изгледаат чудно Знаевте ли дека во Јужна Кореја подочниците се знак за убавина и жените неретко ...
10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg