8 графикони кои ќе ве натераат да сфатите колку животот е краток
Тим Урбан дава неколку интересни и зачудувачки моќни графикони кои ќе ве натераат да сфатите колку навистина животот е краток.
Како за почеток, животот на еден човек за кој претпоставува дека ќе живее 90 години, визуелно го поделил во години:
Потоа по месеци:
По недели:
И денови:
Ако го погледнете графиконот со денови, веројатно ќе претпоставите дека нема брзање, имате доволно време да уживате во сите оние работи во кои досега сте уживале.
Но, работите изгледаат малку поинаку ако наместо животот да го мерите во единици време, започнете да го мерите преку активности или настани.
За таа цел, авторот на овие графикони се искористил себеси како пример.
„Имам 34 години, да бидете оптимистични дека ќе живеам до 90 години, па ако мерам уште колку зими ми останале, грубо бројката е 60“ – вели тој.
Веројатно како и него одите еднаш годишно на летен одмор и уживате во морска или езерска вода.
„Годишно во просек читам по 5 книги, па иако ми се чини дека можам да прочитам безброј книги, сепак, од сите книги кои постојат на овој свет треба да одберам 300 кои можам да ги прочитам до крајот на мојот живот“:
Слободно можеме да заклучиме од овој пример дека веќе третина од својот живот поминал и му остануваат уште две третини да ужива во секојдневните активности. Но, дали ова се најважните работи во животот? Што е со односот и близината со родителите?
Авторот на овие графикони вели дека неговите родители се во своите 60-ти. За време на првите 18 години од неговиот живот поминувал барем 90% од своето време со своите родители. Работите драстично се промениле откако заминал на колеџ.
Сега своите родители ги гледа околу 10 дена годишно или 3% од времето кое го поминувал со нив додека бил дете.
Претпоставува дека неговите родители ќе живеат додека тој наполни 60 години, а тоа значи дека му остануваат 30 години за да ги гледа своите родители или попрецизно уште 300 дена како ќе има можност да ги види.
Ако реално погледнете на работите и направите пресметка како што направил и Урбан, ќе сфатите дека за некои работи ви остануваат уште многу малку години и пати како можете да ги направите. Времето кое можете да го поминете со некои од вашите најблиски луѓе е навистина кратко.
„Се чини дека откако дипломирав искористив дури 93% од времето кое го имам со моите родители, а сега ми остануваат уште последните проценти“ – вели Урбан.
Истото важи и за некои од најстарите пријатели. Можеби додека сте учеле во средно училиште постојано сте биле заедно, но времињата се менуваат.
Па, вреди да заклучиме:
1. Живеењето на исто место со блиските навистина значи
Како што самиот Урбан покажува со своите графикони, времето кое ви останува да го поминете со луѓето кои ви значат не е така долго како што мислите.
2. Важно е да си ги знаете приоритетите
Времето кое ви останува да бидете со вашите најблиски зависи од вашите приоритети, па важно е да бидете свесни за нив, а не да бидете раководени од несвесни мотиви.
3. Поминувајте квалитетно време со луѓето кои ви значат
Ако ви останува уште 10% од времето да го поминете со некој кој навистина ви значи имајте ја на ум таа бројка и ценете го времето кое ви преостанува, посветете им внимание на оние кои навистина ви значат.
Н. Г. | Црнобело