Вратете ги врските во вашиот живот: 3 совети за повторно воспоставување комуникација со најблиските
Одржување на важните врски со луѓето кои ги сакаме во нашиот живот е нешто што во последно време многу се занемарува.
Кога беше последен пат навистина се поврзавте со некој? Онака навистина да обратите внимание на нив, без никакви попречувања и оттргнување на вниманието?
Ако се прашавте себеси овие прашања и не ви се допадна одговорот, тогаш еве како повторно да ја вратите комуникацијата во вашиот живот:
1. Исклучете ги сите оттрнувачи на внимание
Кога се впуштате во разговор со некого, тогаш целосно препуштете се. Исклучете го телефонот, телевизорот и компјутерот и целосно обратете внимание на личноста со која разговарате. Слушајте што зборуваат. Прашувајте прашања околу темата на која зборувате и обратете внимание на нивните чувства.
Пробајте да сфатите што зборуваат и искрено кажете дали разбирате или не. Споделете ги вашите мислења и чувства на еден отворен и слободен начин. Кога ќе го направите ова, односот ќе оди на едно ново ниво каде има грижа, нега и разбирање.
2. Изразете благодарност
Застанете. Барем на миг и бидете благодарни за врските кои ги имате во вашиот живот. Секое утро, правете листа на луѓе за кои сте благодарни што постојат во вашиот живот. Изразувањето благодарност може да нѐ разбуди на еден сосема нов начин. Искажете чувство на грижа така што ќе одвоите време за да се поврзете со луѓето кои ги сакате. Кажете им дека сте благодарни што ги имате во вашиот живот.
3. Организирајте го времето
Поврзувањето со луѓе треба да ви биде на врвот од листата на нешта што мора да ги направите. Исто како што го организирате времето за работа, состаноци, тренинг-сесија или тв серија која сакте да ја гледате, организирање на времето за да се видите со луѓето кои ги сакате и кои ви се блиски ќе ви ги вратат вистинските приоритети назад во вашиот живот.
Без разлика дали е кафе со пријателите, чаша вино со партнерот или прошетка со вашето дете, одвојте барем 30-60 минути во денот за да се поврзете со нив. Исчистете го умот, исклучете го телефонот и едноставно бидете тука.
С. С. | Црнобело