Најсреќните луѓе во историјата на човештвото
Понекогаш сме сведоци на настани кои се неверојатно случајни. Понекогаш се чини дека некој ги дизајнирал овие настани...
Ова се најсреќните луѓе во историјата на човештвото:
Lena Påhlsson
Lena Påhlsson го нашла својот свадбен прстен кој исчезнал пред 16 години кога го собирала зеленчукот во својата градина. Прстенот бил на морковот кој израснал од земјата.
Steve Flaig
Стив израснал без мајка која ја барал со години, но под погрешно презиме. Случајноста му помогнала да ја пронајде неговата мајка. Стив почнал да работи во продавница и му кажал на својот шеф за својот проблем. Испаднало дека мајка му работела во истата продавница.
Tsutomu Yamaguchi
Tsutomu Yamaguchi е единствениот човек кој ги преживеал двата нуклеарни напади врз Јапонија. Тој патувал службено во Хирошима кога паднала првата атомска бомба. Бил сериозно изгорен. но сепак останал жив. Три дена подоцна, тој се вратил на своето работно место во Нагасаки, каде што се случила втората експлозија.
Joan Ginther
Оваа продавачка освоила 5.400.000 долари на лотарија. 10 години подоцна освоила уште 2 милиони долари, а 3 години подоцна, 3.000.000 долари. Конечно, во 2008 година, таа го освоила и џекпотот од 10 милиони евра.
Juliane Koepcke
Juliane Koepcke преживеала авионска несреќа кога авионот се урнал над реката Амазон во 1971 година, имала само 17 години. По несреќата, морала да живее во џунглата меѓу дивите животни неколку дена сè додека не била спасена од страна на локалното население. Taa била единствениот преживеан патник.
М. А. | Црнобело