Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Остварете сé што сакате

ostvarete-se-shto-sakate-povekjeЗаконот на привлечност е многу едноставен: желбата привлекува желба. Многу е тешко да го истренирате мозокот секогаш да размислува позитивно...

 

...па затоа често пати со негативни мисли го привлекуваме песимизмот во нашиот живот.

Главна цел е да го научите мозкот да размислува на позитивен начин и да ги насочите мислите кон остварување на сопствените цели.

ostvarete-se-shto-sakate

Во главата креирајте ситуација која сакате да се случи, и таа навистина ќе се случи (дали во исти или поразлични околности, но ќе се случи).

Клучен момент во овој процес е фреквенцијата. Фреквенцијата која ја користите додека планирате, размислувате или сонувате за своите цели, креира енергија потребна за создавање на такви ситуции.

Како радио станица која мора да биде поврзана со соодветна фреквенција , така и мозокот мора да биде прилагоден на соодветна фреквенција за да го остварите замисленото.

Тоа значи дека мозокот мора однапред да го подготвите за креирање позитивна ситуација.

На пример – доколку сакате да испратите порака на личноста која ви се допаѓа, ако размислувате вака: “сигурно нема да ми одговори“, тогаш пораката ќе ја составите баш така и личноста која ќе ја прими нема да има потреба да ви одговори.

Меѓутоа ако размислувате позитивно, ќе напишете порака која сигурно ќе ја заинтересира другата страна.

Ако сакате нов автомобил, исчистете ја гаражата и направете место за него. Разгледајте ги понудите и кредитите кои се нудат иако немате моментално можности. Размислете колку е убаво чувството да го возите тој автомобил. Погледнете ги промотивните каталози. Ќе ви дадат дополнителна мотивација.

Или ако сакате во животот да привлечете партнер со одредени квалитети – сами почнете да живеете според тие квалитети и барања.

Како и било која друга особина и законот за привлечност може да се извежба. Морате да дефинирате што ве оддалечува од вашите цели и зошто вашите мисли креираат негативни очекувања.

Не е доволно само да сакате нешто. Морате да го привлечете тоа и со мислите и со позитивните очекувања.

Постојат многу избори кои се поставуваат пред нас секојдневно како улица. Дали таа улица ќе ве оддалечува или ќе ве приближува до вашите цели зависи само од вас и вашите мисли.

Би можело да ве интересира:

16 пати кога Универзумот ни покажа дека неговата моќ за креирање нема граници Овошје во чуден облик, инсект во неверојатна боја или предмет кој не можете да г...
Однесувања кои покажуваат дека некој не е паметен колку што мисли дека е „Наместо да истакнат некоја поента во дебата, почнуваат да те навредуваат“. „...
Фото-компилација: Луѓе кои имале полош Божиќ од вас „Ме отпуштија од работа пред Божиќ“. Ако сте разочарани од вашиот Божиќ, фоткиве...
Работи што ги прават луѓето кои живеат сами (а на другите може да им се чудни) „Учам кореографии на омилените песни, а потоа им ги покажувам на кучето и двете ...
Исчезнати авиони, ни трага од патниците – Најголемите мистерии во воздухопловството На 8 март 2014 година, летот MH370 на Malaysia Airlines полета од Куала Лум...
„Мажот е вистинскиот, кога покрај него не се плашите од животот“ - 9 психолошки трикови и вистини Ако сакаш некого затоа што и тој те сака тебе – тоа е емпатија. Ако сакаш некого...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg