7 датуми за венчавки кои ќе бидат хит во 2016-та
Ако се веривте за време на празниците, честитки! Сигурно сте возбудени и веќе по малку нервозни, барајќи го совршениот датум за оваа година.
А, како што има експерти во секоја област, така има и за оваа.
Според сајтот за венчавки Лавр, кој секоја година ја објавува оваа листа, точно 7 датуми ќе бидат посебно актуелни во 2016-та.
Понеделник, 29-ти февруари
Затоа што 2016-та е престапна година, тоа значи дека овој датум е реткост која се случува на 4 години. Младоженците кои сакаат да бидат уникатни буквално ќе се тепаат за овој датум.
Сабота, 9-ти април
За математичарите и оние кои веруваат во нумерологија, 4, 9 и 16 се квадратни броеви за кои се верува дека се идеални за „врзување јазли.“
Петок, 13-ти мај
Оваа година ќе има само еден петок 13-ти и токму затоа дел од младоженците кои сакаат да се противат на правилата и суеверијата, ќе го одберат овој датум.
Сабота, 28-ми мај
Совршен пролетно-летен датум пред големите жештини.
Сабота, 3-ти сепмтеври
Уште еден преоден датум на кој се уште се чувствува летото, но без претерано потење.
6-ти октомври или 6-ти ноември
Кога ќе ги напишете со борјки 6/10/16 и 6/11/16 – се ви станува појасно.
Сабота, 31-ви декември
Новогодишната вечер оваа година се паѓа во сабота, а тоа значи идеален ден за две прослави во едно.
Д. М. | Црнобело