Единственото прашање кое треба да си го поставувате секое утро

Стануваме рано наутро набрзина, се подготвуваме да заминеме на работа, да каснеме нешто додека патуваме. Но, што ако му пристапуваме на секој ден свесно? Без брзаници? Без турканици?

edinstvenoto-prashanje-koe-treba-da-si-go-postavuvate-sekoe-utro-01.jpg

Што ако можеме да одвоиме неколку минути секое утро за да одлучиме што сакаме од тој ден, да поработиме на некои вежби за дишење? Да си кажеме некоја позитивна мисла? Посмирено и со поголемо задоволство да го започнеме денот?

Поголемиот дел од луѓето не си даваат време и простор да ги проценат и увидат сопствените емоции, да работат на себе. Нивните животи се чини како да се контролирани од некоја надворешна сила.

Сите ние се соочуваме со слични предизвици и одговорности во животот, но ако си поставиме само едно прашање рано наутро, можеме да си донесеме поголем мир внатре во себе.

Па, кое е тоа прашање?

Секако, најважно е претходно малку да се смирите пред да си го поставите прашањето. Да се фокусирате и да се ослободите од буката во умот.

Потоа, запрашајте се: „Што можам да научам денес?“

Веројатно во овој момент се запрашувате што навистина ќе постигнете со ова прашање... Пред да започне бомбардирањето на животното лудило тој ден, ако си го поставите ова прашање, веќе однапред ќе знаете кои се вашите намери, што сакате да постигнете тој ден, со какви луѓе сакате да се сретнувате во текот на денот.

На еден начин како да барате од Универзумот да ви прати одредени луѓе и настани, ситуации кои ќе ви помогнат да ги потурнете границите и можностите на во вашиот ум и да научите некоја важна лекција.

Сите ние  имаме работи на кои треба да работиме за да станеме подобра личност. Можеби некои се борат со тоа да се чувствуваат удобно во сопствената кожа, можеби други се борат со некоја зависност, а некои се во потрага во суштината на нивниот живот.

Дури и да сте ги освоиле сите демони внатре во себе, веројатно имате уште некоја незавршена работа.

Додека не го напуштиме физичкото, сите ние сме работиме на себе, прогресираме, растеме... Секој ден одлучуваме дали ќе станеме подобра личност или ќе се вратиме на старите навики. Свесно можеме да одбереме да растеме, созреваме, учиме и да ги отвораме сопствените срца.

Па, наместо да се обидувате да диктирате што ќе се случи, дозволете му на животот да протекува. Станете некој кој учествува во вашиот живот, но и некој кој мирно го набљудува. Релаксирајте се и препуштете се на случувањата.

Само тогаш ќе можете да ја кажете реченицата: „Животе, повеќе не сакам да се борам со тебе, сакам да те прифатам и да ги научам твоите лекции, лесните и тешките“.

Ако се научите да ги прифаќате животните лекции без да избувнувате и да се обидувате да го менувате природниот тек на работите, ќе можете слободно да ги отворите сите сокриени врати на вашето срце.

Сите ние сакаме да бидеме слободни, отворени и сакани, но сето ова започнува внатре во нас. Не можете да го контролирате животот. Само ќе се изморите и истрошите. Фокусирајте се на тоа да го контролирате вашето дишење, на вашите интенции, на тоа што сакате да научите од животот и посветете се на тоа да апсорбирате што е можно повеќе знаење.

„Што можам да научам денес“ е единственото прашања кое може да ви даде одговори за да почнете да се движите нанапред. Ќе ги игнорирате лекциите? Или ќе ги прифатите промените и ќе ги внесете овие лекции во вашиот живот како нешто природно?

Запомнете, вие ја пишувате приказната на вашиот живот, секој ден. Свесно или несвесно. Па, сè што ви треба е само вашето пенкало.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 луѓе кои ќе беа шампиони ако мрзеливоста беше спорт „Сопругот секогаш ги остава валканите чорапи кај ќе стигне, а кога ќе се исперат...
8 запросувања, Адел прекина концерт за да гледа трка: Интересни факти за ЛОИ во Париз (a немаат врск... Иако на прва ќе си помислите дека Новак Ѓоковиќ, Симон Бајлс (поради бројот...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
„Решив да немам деца, а колега ме понижи пред сите поради тоа - Како се справив со него?“ „Почнав да плачам и реков: Не можам да имам деца. Жената со која разговарав...
Неочекувани ситуации на кои луѓето биле сведоци во секојдневието (фото) Замислете се шетате по улица и одеднаш на нечија тераса гледате коњ... Луѓе спод...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg