Совети кои ќе ви помогнат да ги одржите новогодишните резолуции: Започнете веднаш!

Со Новата година во пакет одат и новогодишните резолуции. Ова е периодот кога ги носите оние значајни одлуки за следната година и сѐ што сакате да направите.

soveti-koi-kje-vi-pomognat-da-gi-odrzhite-novogodishnite-rezoluciii-zapocnete_vednas-01.jpeg

Знаеме колку е тешко да ги одржите новогодошните резолуции, па затоа сме тука да ви помогнеме.

1.  Започнете веднаш

Ако сѐ уште не сте започнале да ја планирате идната година, време е да почнете. Новогодишните резолуции не се прават во јануари, туку треба да си дадете доволно време да одлучите што е она што сакате да постигнете во 2016. Една од најголемите причини за неуспех е ненавремено планирање.


2. Донесте реални резолуции кои може да ги исполните

Често пати носиме одлуки кои се базирани на она што мислиме дека треба да го направиме, а не на она што навистина треба да биде направено. Ако ги избегнувате тие нереални резолуции, поголеми се шансите да успеете да ги исполните зацртаните реални цели.


3. Фокусирајте се на патот, а не на целта

Да не се разбреме погрешно - и целта е важна, но патот до неа е токму она од што ќе научите некои важни животни лекции кои е ви служат цел живот. Ако на пример сакате да ослабете, придржувајте се до здрава исхрана и до вежбање, без разлика што покажува вагата. Многу поважно е да бидете здрави отколку вагата да го покажува она што сакате да го видите.


4. Бидете насочени кон позитивни цели, а не кон негативни

Позитивна цел е нешто што сакате да го направите, а негативна нешто што сакате да престанете да го правите. На пример, ако сакате да престанете да ги гризете ноктите, наместо да се откажете од тоа, најдете друга позитивна цел.


5. Не претерувајте

Секако дека сите имаме маани и дека сите сакаме да ги поправиме, но одете полека. Залудно е да испишете цел лист со 20-тина резолуции затоа што и сами знаете дека е невозможно да ги исполните сите – а тоа ќе направи да се чувствувате како ништо да не сте постигнале. Успехот во новогодишните резолуции се крие во тоа да бидете умерени. Најдобро е да направите 2-3 резолуции и да се држите до нив.


6. Побарајте помош од пријателите

Користете го т.н. „пријателски систем“ – т.е. секогаш кога сакате да промените нешто кај себе, предизвикајте ги вашите пријатели и тие да го прават истото. На пример, ако сакате да трчате, повикајте пријател со вас и натпреварувајте се.

Сакате да почнете да штедете пари? Предизвикајте ги пријателите. Планирајте ги оброците според попустите во супермаркетите, користете купони и потоа споредете ја вашата сметка и сметката на вашите пријатели. Верувајте ни, задоволството ќе биде уште поголемо.


7. Бидете попрецизни

Не велете само дека сакате да ослабете, туку бидете конкретни. Ако целта ви е да бидете форма, тогаш запишете колку пати неделно сакате да одите во сала за вежбање за да ја постгинете целта. Важно е да бидете што е можно попрецизни, бидејќи инаку ќе ви биде тешко да се справите со сите предизвици кои новогодишните резолуции ги носат.


8. Следете го напредокот

Замислете дека резолуциите се како вашиот буџет – мора да пратите колку трошите за да знаете колку пари имате. Кај резолуциите пак, важно е да го пратите напредокот затоа што тоа ќе ве одржи мотивирани и ќе ви помогне побрзо да ја достигнете целта. Колку поголема мотивација имате – толку подобри резултати ќе постигнете.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

13 мали потези со кои луѓето секојдневно придонесуваат за подобро општество - Ги правите ли и вие? Гледам на страна кога некој на банкомат си ја внесува лозинката. Секогаш ја враќ...
Судбински средби и нови почетоци – Каква енергија ви носи денешниот датум 11.01? Денес треба да го направите првиот чекор за сите ваши соништа да станат реалност...
13 интересни работи што можете да ги видите само во Дубаи Климатизирани автобуски станици, напуштени луксузни автомобили, полупразни стока...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
5 причини зошто е добро да спиете на подот (како Јапонците) Го подобрува држењето на телото, а може да ги намали и болките во грбот – кои се...
7 (психолошки) знаци дека сте биле емоционално запоставувани како дете Се плашите да зависите од другите луѓе, не сакате да зборувате за сопствените ем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg