Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


5 цели кои си ги поставуваме секоја година

Секоја година си поставуваме нови цели кои сакаме да ги исполниме во новата година. Новата година е нов почеток, па затоа сакаме да влеземе во неа со нови навики. Но, колку тоа ни успева?

5-celi-koi-si-gi-postavuvame-sekoga-godina-01.jpg

Кои се најчестите 5 цели кои си ги поставуваме во новата, а најчесто ги исполнуваме делумно?

Од оваа година не пушам

За пушачите оваа изрека е редовна секоја година. Ретки се тие кои навистина си го одржале зборот и во Новата Година влегле како непушачи. Оваа цел најчесто не се исполнува, бидејќи откажувањето од цигари е процес или цврста одлука која не зависи од новите почетоци. Ако сакате да се откажете од цигарите, не треба да се чека Нова Година, идеалното време е сега.


Од оваа година ќе се хранам здраво

Оваа цел е карактеристична за гурманите кои ретко оддолеваат на вкусната храна па така, неретко се залажуваат дека со новата година ќе го сменат режимот на исхрана. Најчесто го пролонгираат периодот, па така после празниците и сите слави успеваат да се хранат здраво една недела и се враќаат на старо. Дали вие оваа година ќе го сменете режимот на исхрана?


Оваа година ќе вежбам редовно

Оваа цел најчесто оди во пакет со претходната. Па исто се чекаат да поминат празниците и одморите па да се почне со активно вежбање. Но, искуствата покажуваат дека за празниците сите ставаат по некое кило и само најупорните успеваат да ги симнат. Другите започнуваат со вежбање или физичка активност во пролет, спремајќи се за летото и бикините. Но, активното вежбање не треба да биде само во пролет туку низ целата година.


Оваа година ќе направам реновирање на домот

Да, оваа цел најчесто ја имаат како желба жените. Реновирањето на домот е секогаш на дневен ред, но најчесто не се исполнува поради премногу обврски и финансиски потешкотии. Жените се залажуваат најпрво со преместување на мебелот низ домот, со цел да се добие свежина и промена, па до преместување на облеката во плакарите. Потоа на ред доаѓа менување на стариот мебел со нов. Но, најчесто сето тоа се случува имагинарно.


Оваа година ќе најдам нова работа

Да, дури и најзадоволните од својата работа, во наредната година планираат ново работно место во кое би го вложиле својот труд и ентузијазам. Но, дали е тоа секогаш така? Тешко е да излеземе од комфорната зона на работното место во кое сме со години, и покрај желбите за промени најчесто ја одбираме сигурната варијанта и остануваме на старото работно место.

Н. Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фотки кои ќе ве утешат: Луѓе кои имале полош ден на работа од вас Скинати фармерки, но и колеги кои како да забораваат дека во канцеларијата има и...
14 актери кои не се плашат да се трансформираат до непрепознатливост за улога (фото) Од Вилем Дефо, преку Антонио Бандерас до Деми Мур - некои актери не се плашат да...
5 (поранешни) богаташи кои ги изгубиле сите пари и како За помалку од две години, бизнисменот Ејк Батиста изгубил богатство од 35 милија...
Како изгледаат градинките во Кина: Децата готват на печки на дрва, мешаат малтер Деца од градинка сами мешаат малтер и градат шпорети за готвење. Сами носат дрва...
7 супер трикови со кои ќе изгледате повисоко и послабо на фотките Не го стегајте рамото до телото, туку оддалечете ја раката од торзото; застанете...
„Мажот е вистинскиот, кога покрај него не се плашите од животот“ - 9 психолошки трикови и вистини Ако сакаш некого затоа што и тој те сака тебе – тоа е емпатија. Ако сакаш некого...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg