9 фотографи ги откриваат најубавите свадбени фотографии кои некогаш ги направиле

Свадбените фотографии доловуваат моменти кои остануваат засекогаш во сеќавањата, кои траат цел живот. Од искрената неизмерна љубов на младоженците, до првиот танц, фотографиите имаат моќ да прикажат низа емоции на едно парче хартија.

9-fotografi-gi-otkrivaat-najubavite-svadbeni-fotografii-koi-nekogash-gi-napravile-001.jpg

Овие емоции се секогаш интересни за гледање, секогаш воодушевуваат...

Па, фотографите имаат тешка задача, да доловат многу работи во едно.

Неколку такви фотографии кои зборуваат илјада зборови, кои доловуваат низа емоции, кои остануваат во сеќавање, низ зборовите на фотографите кои ги направиле:

1. „Татко и вели збогум на својата ќерка“

„Барам да бидам дел од секој момент од свадбата. Никогаш не знаете кога ќе се случи нешто навистина посебно. Така Керолајн посегна по писмото од татко ѝ додека бевме на пат до црквата. Моментот кога го читаше писмото беше посебен. Среќа, тага и сè друго на едно место. Оваа фотографија илустрира две работи, среќата на невестата и моментот кога таткото се збогува со својата ќерка“ – вели фотографот Дејвид Муреј

9-fotografi-gi-otkrivaat-najubavite-svadbeni-fotografii-koi-nekogash-gi-napravile-1.jpg


2. „За првпат го запознава својот нов сопруг со дедото“

„Дедото на Моли не можеше да биде дел од церемонијата, бидејќи беше болен, па Моли одвои време за да го запознае Алекс со нејзиниот дедо и додека ја гледав целата ситуација, знаев дека треба да го зачувам тој посебен спомен“ – Мег МекГаверн

9-fotografi-gi-otkrivaat-najubavite-svadbeni-fotografii-koi-nekogash-gi-napravile-2.jpg


3. „Сите гости започнаа да плачат“

„Иан, синот на Марија и Марио дојде во еден момент да го бакне својот татко и во тој момент сите гости започнаа да плачат“ – Виктор Лакс

9-fotografi-gi-otkrivaat-najubavite-svadbeni-fotografii-koi-nekogash-gi-napravile-3.jpg


4. „На другата страна, татко ѝ топло го поздравува својот нов син“

„Во тој момент таткото на невестата држеше говор. Раскажуваше за патешествието кое тој и неговата сопруга го поминале додека се селеле од Венецуела. Стана, ја подигна чашата и топло му кажа добредојде на новиот член во семејството. Во тој момент сите се расплакаа“ – Моли Мајкл

9-fotografi-gi-otkrivaat-najubavite-svadbeni-fotografii-koi-nekogash-gi-napravile-4.jpg


5. „Пред да дојдат несреќните моменти“

„Ова беше еден од тие посебни денови кои ѝ донесоа малку среќа на невестата. Два месеци пред свадбата откри дека има мозочен тумор и докторите и рекоа дека ќе живее само уште 6 месеци. Побара да си го одземе животот пред да не може воопшто да функционира, да си замине од овој свет со достоинство и градоначалникот на градот и дозволи. Кој би рекол дека оваа среќна невеста ќе мора да се соочи со тешки одлуки?“ – Тара Ероувуд

9-fotografi-gi-otkrivaat-najubavite-svadbeni-fotografii-koi-nekogash-gi-napravile-5.jpg


6. „Најубавиот момент кој некогаш сум го фотографирал“

„Една од најважните фотографии кои ги направив таа вечер беше пред да си заминам. Започнав да се пакувам и одеднаш го здогледав младоженецот кој танцуваше со својата баба. Така сладок момент. Нејзиното лице блескаше од среќа“ – Сантиаго Мурило

9-fotografi-gi-otkrivaat-najubavite-svadbeni-fotografii-koi-nekogash-gi-napravile-6.jpeg


7. „Нејзината мајка беше почината пред таа да направи свадба“

„На оваа фотографија невестата го читаше писмото од својата мајка која и го имаше оставено за да го прочита токму на денот на нејзината свадба“ – Ерика Јенсен-Ман

9-fotografi-gi-otkrivaat-najubavite-svadbeni-fotografii-koi-nekogash-gi-napravile-7.jpg


8. „Според мене, неговиот израз на лицето има илјада емоции“

„На фотографијата е прикажан мојот син Бо кој 12 дена пред свадбата возеше велосипед заедно со мојот вереник. Тој ден мојот сегашен сопруг доживеа несреќа, а Бо сам тргнал да бара помош. Остана парализиран, но тоа нe нè спречи да продолжиме со церемонијата.“ – Сузан Борделон

9-fotografi-gi-otkrivaat-najubavite-svadbeni-fotografii-koi-nekogash-gi-napravile-8.jpg


9. „Успеа да се смее и танцува“

„Мајката на Марго беше болна од рак. Ѝ предвидуваа уште неколку месеци за живеење, но на денот на свадбата на својата ќерка таа заборави на болките и се препушти на радосниот момент. Неколку месеци подоцна Марго ми пиша да ми се заблагодари за убавите моменти кои ги имав доловено во фотографиите“ – Тара Ероувуд

9-fotografi-gi-otkrivaat-najubavite-svadbeni-fotografii-koi-nekogash-gi-napravile-9.jpg

Би можело да ве интересира:

Каква би била реалноста ако жените си ги сменат улогите со мажите, низ илустрации Што ако се сменат улогите и жените почнат како (некои) мажи да зборуваат дека мо...
Психолошки трикови со кои ќе дознаете дека некој ве симпатизира, низ илустрации Ги имитира вашите движења, фрази, споделува лични детали... На кои ситници треба...
Стрии, царски рез, белези – Како луѓето ги прекриваат несовршеностите со тетоважи? Како изгледа кога лузните од царскиот рез, стриите на нозете или лузните од изго...
Низ илустрации: Застарени верувања кои треба да ги оставиме во минатото Мажот не смее да стапне во кујна бидејќи готвењето е женска работа и уште 7 заст...
Величествени градби од стари цивилизации кои можете да ги видите и денес Колосеумот во Рим, храмот на Кукулкан во Мексико – ширум светот постојат бројни ...
10 фото-докази дека мажите и жените се навистина од различна планета „Му реков на сопругот да ми купи неколку штипки за коса додека е во маркет. Доби...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg