Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Празниците не се само за децата: 5 активности кои ќе ви гo разубават новогодишниот период

Новогодишните празници се најубавиот период од годината, барем за децата. Секое дете ужива во празниците, бидејќи добива подароци, јаде храна баш таква каква што сака...

praznicite-ne-se-samo-za-decata-5-nachini-koi-kje-vi-go-razubavat-novogodishniot-period-01.png

Но, не мора да бидете дете за да уживате во новогодишните благодати...

1. Одмор од работа

Без разлика дали тоа ќе биде неколку дена или цела недела, земањето одмор од канцеларијата ќе ви дојде одлично.

Иако можеби голем дел од времето ќе го поминете чистејќи, спремајќи се за гости и по продавници за да ги изберете најубавите подароци за саканите, барем нема да морате да седите на канцеларискиот стол зад бирото полно со хартии цел ден – а тоа е подарок сам од себе.

И можеби заборавивте на магијата на спиењето барем еден час подоцна од вообичаеното.


2. Празнична музика

Додека ја китите елката и го декорирате домот, празничната музика ќе направи да се чувствувате посреќни и поспремни за празниците.

Ако не сте ги слушале Bing Crosby и Vince Giaraldi додека пиете топло чоколадо и ги редите лампионите на елката, тогаш многу сте пропуштиле.

Ова е една од омилената активност на децата, но таа го обелоденува детето во возрасниот.


3. Домашни ручеци и забави

Што е поубаво од тоа да се собере цело семејство на една маса и да се јаде убава домашна храна? Па, скоро ништо.

Празниците се најубавиот период кога целото семејство се собира на ручек и разговара. Така останувате блиски со саканите и ги одржувате семејните традиции. Плус, храна. Што друго треба да се каже?


4. Добротворни донации

Давањето на добротворен прилог е одличен начин како да ја започнете годината и како некому да му го разубавите животот. Оваа активност треба да се најде на сечија листа, бидејќи ќе направи вие да се чувствувате убаво, а личноста која ја добива помошта ќе се почувствува среќно.

Донациите не мора секогаш да бидат во форма на пари – тоа може да биде облека што не ја носите повеќе, да биде виткање на подароци, мало пакетче или домашен подарок. Постојат безброј можности.


5. Семејството и пријателите

Ако го цените времето и сакате да го поминувате со луѓето кои најмногу ве сакаат и се грижат за вас (асоцијација: семејство), тогаш празниците се најдобар момент да се видите со старите пријатели и да зборувате со семејството. Ова е важно затоа што овие луѓе се оние кои најдолго се задржале во вашиот живот.

Освен тоа, празниците се наменети за тоа – никогаш не треба да биде околу материјалните нешта, како подароци и пари, туку треба да биде околу ширење љубов и почит и создавање на нови посебни моменти кои вечно ќе ги паметите. Подароците лесно можат да избледат од главата, но спомените скоро никогаш.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10-те најсмртоносни временски непогоди од изминативе 20 години Топлотните бранови во Европа, но и бурата што лани зафати делови од Грција и Буг...
Децата се хит: 10 смешни ситуации од кои родителите ги „боли глава“ „Мојот 7-годишен син добил брилијантна идеја – да го заклучи клучот од катанецот...
14 забавни фотографии кои раскажуваат неочекувани приказни „На татко ми му купив картонска фигура од Мистер Бин во реална големина и сега ј...
Периоди во животот кога е нормално (и корисно) да се чувствувате изгубено, според психологијата Ако вашата работа не ве исполнува, може да се чувствувате изгубено. Но...
Психологијата открива: Знаци кои покажуваат дека некоја личност мисли на вас Ако некоја личност честопати ја среќавате во вашите соништа, тогаш голема е веро...
Скопје, Варшава: Новогодишните елки блескаат низ градовите во светот Низ поголемиот дел од градовите во Македонија блеснаа новогодишни елки на плошта...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg