10 прашања кои е добро да ги одговорите пред крајот на годината
На 2015 и се ближи крајот, па нормално е полека да се збогуваме со оваа година. Некои ќе ја паметат по добро, некои по лошо, а некои нема ни да ја паметат.
Добро е пред крајот на годината да направите проценка и анализа на сè што ви се случило во изминатите 365 дена. Важно е да проверите дали сте задоволни од себе и што би смениле во наредната година.
Нека новата година биде симбол и стимул за нови почетоци.
10 прашања кои е добро да ги одговорите пред крајот на годината:
1. По што ќе ја паметам оваа година?
2. Дали си ги остварив плановите за оваа година?
3. Дали уживав доволно оваа година?
4. Колку работев оваа година?
5. Дали му посветив доволно внимание на своето семејство оваа година?
6. Дали се чувствував реализирано на работа оваа година?
7. Што би заборавил/а од оваа година?
8. Кои се моите планови и цели за наредната година?
9. Кои се моите желби за наредна година?
10. Што ќе ми донесе Дедо Мраз за Нова година? :)
Н. Т. | Црнобело