Боја која треба да ја носите секогаш кога одите на важен настан

Сите ја знаеме важноста на боите и како влијае на перцепцијата на другите за вас кога ја носите. Црвена за интензитет, портокалова за оптимизам и социјалност, сина за лојалност...

boja-koja-treba-da-ja-nosite-sekogas-koga-odite-na-vazen-nastan-001.jpg

Борбата да ја одберете вистинската боја за одредена пригода е доста тешка уште на почеток , а замислете кога ќе ја земете предвид психологијата на боите. За да одите на сигурна карта одлучувајте се за основните или класичните бои.

Црна комбинација од глава до пети, декорирана со бели детали за мала разиграност е вистинскиот избор.

А, сега ова е поддржано и со едно мало истражување.

Британската компанија Buy T-Shirts Online (добавувач за многу компании) спроведе анкета со 1.000 луѓе во која учесниците требаше да комбинираат бои кои се поврзани со одредени лични карактеристики.

Црната боја беше лидер за речиси секоја позитивна карактеристика - самодоверба, интелигенција и атрактивност, со што е вистинскиот избор за сè, од интервјуа до љубовни состаноци.

Црвената боја пак, беше омилена на мажите за тоа во која боја жените се најпривлечни, а истата боја ја одбраа и жените кога требаше да одберат боја во која се чувствуваат најсекси.

Боите кои никогаш не треба да ги носите кога се обидувате да импресионирате се портокаловата и кафеавата.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Позитива на денот: Празнични фотки што ќе ви го подобрат расположението Маж кој им ги платил сметките за струја на 36 семејства, брачен пар кој секоја г...
8 типично машки работи кои и жените ги користат со задоволство Широки палта со многу џебови, едноставни машки маички... Знаете ли кои предмети ...
Сигурни знаци дека некој ве лаже, според ФБИ агент Кои знаци може да ги разоткријат личностите што се обидуваат да ве излажат? На к...
Мажите си ги разменуваат жените, имаат секс по 5 пати на ден: Факти за Бушманите Поим за убавина им се жените со голем задник, пушат халуциногена билка и имаат с...
Популарни дестинации и атракции кои наскоро може да исчезнат (поради нашата несовесност) Поради климатските промени, Малдивите веројатно ќе бидат под вода до 2050-та. Та...
Бонтон грешки со кои несвесно го иритирате персоналот во ресторан (и им ја отежнувате работата) Со едно кафе, седите по неколку часа и одите во ресторан кога е очигледно дека с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg