Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Кога 24 часа во денот не ви се доволни: Како паметно да си го организирате времето?

Времето е скапоцено. Без разлика на тоа што правите во животот, имајте на ум дека времето не можете да го вратите назад, а важно е максимално да го искористите.

20-brilijantni-nacini-kako-da-zashtedite-vreme-i-da-go-cenite-001.jpg

Ова важи за секој аспект во вашиот живот – не само за работата, туку и за она што го правите надвор од неа.

Водете се по овие 20 правила и со сигурност ќе научите како да го цените вашето време:

1. Одлучете што ви е важно, бидејќи за 5 години 80% од работите кои ги правите во сегашноста ќе бидат безначајни – само напорна работа, без никаков резултат.

2. Сонот, храната и вежбањето можат да ви помогнат тројно да ги подобрите резултатите од работењето, бидејќи истите ве фокусираат, ве мотивираат и ви го покачуваат нивото на енергија.

3. 2-минутно правило: Ако можете да направите нешто во две минути, направете го сега. Планирањето за подоцна, помнењето и правењето во иднината ќе ви одземе уште 5 дополнителни минути.

4. 5-минутно правило: Најважно правило кога не можете да почнете да работите на некоја страшна задача е да одвоите само 5 минути за истата. Честопати тие 5 минути ќе ве мотивираат да продолжите понатаму и да ја завршите работата.

5. Ако сакате да бидете добри во нешто, правете го тоа секој ден. Дури и на Божиќ, Велигден и Судниот ден. Без исклучок.

6. Малите навики поврзани со 5-минутното правило ќе ви помогнат да развиете добри навики многу брзо.

7. Извадете сè од глава, земете нотес и запишувајте сè на него.

8. Стекнете рутина. Треба да бидете дисциплинирани, а тоа значи дека: треба да го испланирате целиот ден рано наутро и кратко да запишете како поминал денот – што сте завршиле, а што не. Ќе си заштедите време.

9. Одвојте 30 минути за една задача без разговори со луѓе, Фејсбук или нешто слично. Ништо друго не правете, додека не ја завршите задачата.

10. Секогаш носете слушалки. Не мора да слушате музика, но така ќе ги обесхрабрите токсичните луѓе кои сакаат само да ви го одземат вниманието.

11. Не го читајте мејлот рано наутро или доцна навечер. Читајте го трипати дневно во 11 часот наутро, 2 и 5 часот попладне. Сè што е важно архивирајте го, сè друго веднаш бришете.

12. Истото важи и за мобилниот телефон. Враќајте на повиците тогаш кога можете.

13. Приоритети: Започнете со најважната работа за тој ден рано наутро.

14. Направете ги најважните одлуки рано наутро, а сè друго автоматизирајте. Зарем мислите дека претседателите размислуваат што ќе јадат денес или што ќе облечат?

15. Секогаш прашувајте се: Која е најважната работа која можам да ја направам денес?

16. Притисокот прави чуда!

17. На мозокот потребен му е одмор: правете нешто што ќе ве релаксира.

18. Избришете. Кажете не. Игнорирајте. Многу луѓе ќе ве мразат за ова, но потребно е да се концентрирате на релевантните работи.

19. Лажирајте некомпетентност – за полесно да го применувате горенаведеното правило.

20. Никогаш не доцнете.

Би можело да ве интересира:

Pimp My Ride и уште 9 (бизарни) реални шоуа што ги гледавме на MTV во 2000-тите Се сеќавате на Simple Life, шоуто во кое богаташките Парис Хилтон и Никол Ричи п...
Жени откриваат: „Работи кои сакаме мажите конечно да ги разберат за нас“ „Менструалните болки за некои жени се многу болни и жените не драматизираат“. По...
Работи што никако не смеете да ги правите во Северна Кореја како турист (бидејќи ќе завршите во затв... Ако покажете непочитување на владејачкото семејство или се осмелите да гледате з...
Не ѝ се враќајте на жена што ве изневерила и уште 11 правила на успешните мажи Слушајте, со главата климајте горе-долу во знак на одобрување и најважно од сè -...
10 знаци дека вашата пријателка е токсична за вас (и треба да се оддалечите) Се чувствувате истоштено после секоја средба со неа, се чувствувате како пријате...
10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg