Што ви носи 2010 година?

shto-vi-nosi-2010-godina-povekjeПолека си замина и 2009 година. Што велат ѕвездите за годината која ни следи? Што ве очекува во следните 365 дена? Прочитајте си го првиот хороскоп...

 

...за 2010. Ние ви посакуваме се најубаво!

Овен

2010 Овните ќе ја започнат бурно, со ненадејни промени во кариерата и приватниот живот. Позитивните трендови ќе започнат во средината на годината и ќе растат до крајот.  Најполоволен период  за вас е од 10 април до 17 јуни и помеѓу 5 август до 17 септември кога ќе бидете изразено активни со голема самодоверба.

Љубов
Во љубовните врски и бракот кај Овните ќе има многу случувања во февруари, март и април, но за повеќето нема да биде ништо сериозно кое ќе бара големи одлуки.  Не драматизирајте и не брзајте со одлуките. Мај е месец за осамените кои би можеле да најдат соодветна личност.

Кариера
Со првите денови на 2010 ќе мора да донесете важни одлуки. Сакате да работите на себе и да напредувате па нема да ви биде важно дали е празник или неработен ден. Книгата во реаце. Не навлегувајте во нови проекти  се до средината на април.

Бик

За вас следи генерално подобра и попродуктивна година од 2009. Ќе се сретнете со бројни можности.  Најочигледни промени ќе бидат темпераментот и начинот на кој размислувате. Ќе бидете емотивни, но со значително побогат социјален живот.

Љубов
Во првата половина на годината љубовниот живот ќе го завземе врвот на вашата листа на приоритет. Бидете посебно внимателни во периодот од 7ми март до 19-ти април. Слободните Бикови нема да се впуштат во брачни води годинава. Тие ќе бидат посебно отворени за нови врски на почетокот на годината и со изразен сексуален апетит.

Кариера
Поголеми приливи ќе добиете во месец мај. Најдобро време за нвестиции е од 10 септември па понатаму.  Воздржете се од позајмица. Можеби нема да имате можност за годишен одмор.

Близнаци

Годината може да ја започнете со некои непријатни настани кои ќе влијаат врз вашиот живот.  Најмногу се однесува на семејството и кариерата. Односите со браќата и сестрите може да се конфликтни во февруари и март.
Најдобар период за Близнаците е од мај до јули. Тогаш најлесно ќе ги совладувате препреките.

Љубов
Првите месеци од новата година нема да бидат воопшто лесни и ќе мора да носите тешки одлуки. Потсвесно ќе бидете немирни се мај, но во летниот период ќе се појави нова личност во вашиот живот. До октомври ќе можете да увидите дали станува збор за вистинската личност.

Кариера
Работата ќе ви тргне од јуни месец. Со многу среќа може да напредувате и да го заслужите она за кое се трудите долго време. Приватните бизнисмени ќе мора да почекаат подобра година за поголеми зделки.

Рак

Новата година ветува многу за припадниците на овој знак. Нејзиниот почеток ќе биде обележан со вашата волја за ефикасност и упорност во работењето. Нови прилики се појавуваат постојано. Доста обврски ќе ве изолираат од социјалниот живот кон крајот на летото, но не за долго.

Љубов
Дел од Раковите на почеток на годината ќе запловат во брачните води. Најмногу промени ќе има од февруари до април и може да ви побегнат од контрола. Покажете дека сте независни од промените. Ќе имате среќа во љубовта во 2010.

Кариера
Понуди за партнерства, заедничко работење со стари пријатели. Никогаш не знаете што да одберете. Најтурбулентна фаза е помеѓу 16 август до 17 септември, кога најголем број ракови ќе се соочат со предизвици.

Лав

Година полна со случувања, со пеовеќе препреки од минатата. Поволен период е месец јули. На крајот од годината вашата креативност ќе излезе на виделина, а посебно добар впечаток може да оставите на јавни настапи.

Љубов
Необично за лавовите, но, на почетокот на годината ќе посветат внимание на своите врски.  Извлекувајте поука од она што го преживеавте во 2009. Научете да го цените партнерот бидејќи не сакате да го изгубите.

Кариера
Многу енергија и труд ќе вложувате во работа која не ве исполнува. Може да дојдете до конфликт со колегите кон крајот на есента, но останете воздржани. Годината не е препорачлива за поголеми вложувања и започнување на сопствен бизнис. Доста притисок на работното место. Бидете внимателни.

Девица

Новата година ќе донесе нови предизвици со посериозна содржина. На почетокот на годината ќе ви порасне угледот во друштвото. Во јули ситуацијата ќе се стабилизира, но изненадување ќе бидат зголемените трошоци за живот. 2010 ќе биде поповолна од 2009, но одредени препреки ќе ве потсетуваат дека не е се мед и млеко.

Љубов
Можеби не претчувствувате дека 2010 година може да донесе позитивни настани на полето на љубовта.  Измеѓу јануари и февруари е времето кога треба да носите внимателни одлуки. На повидок се нови љубови, зацврснати врски и бракови.

Кариера
Ве очекува мека, непродуктивна и по малку досадна година. Сомнежот во сопствените способности и недостигот на концентрација во август ќе ви го нарушат времето за напредок во фирмата. Не се менувајте радикално и дајте си шанса да се поправите.

Вага

Се укажува дека во наредните 365 ден конечно ќе се покажат резултатите од минатата година. Како времето поминува вашиот напредок се забрзува што може да ја поттикне љубомората кај колегите и пријателите. Затоа внимавајте со кого споделувате.

Љубов
Благодарејќи на интензитетот на работа љубовните односи на вработените Ваги нема да им бидат во преден план. Останатите ќе имаат динамичен љубовен живот со изненадни случувања. Ќе бидете збунети за одлука која ќе треба да ја донесете до април. Добра прилика за да покажете што сакате.

Кариера
Новата година симбоизира силен напредок и перспективен почеток за Вагите. Вашата активнст ќе биде зголемена во првите 4 месеци, што кај многумина ќе резултира со покачување на платата во јули. Благодарејќи на вашите контакти постои можност за нов проект со угледна компанија.

Скорпија

Препреки и предизвици. Бидете внимателни до крајот на месец март. Трпението е една од клучните работи кои ќе мора да ја применувате. Втората половина од годината е многу поповолна за Скорпиите на сите полиња.

Љубов
Помалку случувања на љубовно поле од изминатата година. Најважните случки нема да бидат врзани со љубовта. Најважно е да се ситуирате материјално и да го чувате постојаниот партнер крај себе. Слободните Скорпии не чувствуваат потреба  за врзување и уживаат во слободата.

Кариера
Напредок во хиерархијата, промена на работна средина, зголемена плата. Кариерата ви оди по нагорна линија и ве очекуваат само успеси. Не ги заборавајте пријателите и не се заборавајте на работа до ниедно време.

Стрелец

Првата третина од 2010 година не носи многу промени до крајот на март никакви случувања од посебно значење. Трендот на развој на вашите вештини останува позитивен и умерен. Лажни обвинувања од страна на непријателите на работното место, затоа бидете претпазливи.

Љубов
2010 ќе има значително влијание на љубовниот аспект на Стрелците. Ќе уживате со адекватниот партнер. Контролирајте ја агресивноста затоа што само така може да ви побегне среќата. Оние кои не се во брак најповолен период е септември и октомври

Кариера
Генерално, не очекувајте зголемени работни обврски во оваа година, иако ќе имате поинтензивен распоред. Добар дел од Стрелците ќе бидат пасивни, а вашиот авторитет ќе се зголеми кон крајот на годината. Поволна година за инвестиции во сопствен бизнис.

Јарец

Очекувајте напредок во оваа година. Внимателно насочете ги целите и плановите. Не знаете како да одиграте правилно. Ценете ги моралните вредности. Вашата среќа ќе се промени кон крајот на годината. Не влегувајте во конфликти.

Љубов
И оваа година продолжува со ист ритам. Во мај е можна жестока расправија и прекинување со партнерот. Дури на есен ќе се подобри ситуацијата. Самите Јарци може да влезат во неколку врски меѓутоа ништ о посериозно.

Кариера
Постојат многу опции за различни проекти. Мора добро да ја разработите стратегијата за успех. Почетокот на годината е најповолен за поголеми активности. Кон крајот на март избегнуајте ризици, а носењето на поважни одлуки препуштете им го на надредените. Кон крајот на годината одморајте се и еваулирајте го она што го направивте изминатата година.

Водолија

Оваа одина не би требало да биде поразлична од 2009. Животот тече понатаму а вие не сте подготвени за поголеми промени. Зголемете ја концентрацијата и самодовербата. Ако не ги остварите своите цели во првата половина, не грижете се има и друг дел од годината кој ќе биде поплоден за вас.

Љубов
Нема поголеми осцилации, односто со партнерот е цврст. Неколку озбилни расправии може да настапат во септември, а ќе ви овозможат да донесете важни заклучоци. Не избрзувајте. Секој има право на прошка.

Кариера
За жал 2010 не ветува напредок кај Водолиите. Сепак многумина ќе ја зацврстат својата моментана позиција. Ќе мора да се докажувате постојано и да се борите за опстанок со колегите. Најдобар период за вложување е април и најпаметно е да вложите во обврзници.

Риби

2010 ветува многу за Рибите. Не очекувајте резултати од самиот почеток, но нивното откриванје ќе запоне од февруари па понатаму. Препреки во семејниот живот кон крајот на ноември.

Љубов
Нема да им биде во преден план на рибите кои ќе сакаат да се посветат на кариерата. Негативните размислувања нема да ве замараат се до средината на септември. Не почнувајте нова врска, не ветува успех.

Кариера
Големите амбиции ќе испливаат на површина. Усовршување на работното место. Одлична година да започнете да изучувате странски јазик. Не допуштајте стравот и несигурноста да ве совладаат.

Би можело да ве интересира:

Драстична промена по естетска операција - Турчин се трансформираше во Џорџ Клуни Фотографиите од Турчинот Насер пред и по пластичната операција делуваат нереално...
Кога дизајнерите ќе претераат со креативност – смешни и неупотребливи предмети (фото) Бизарни украси кои чинат цело богатство и мијалник кој изгледа добро, но ќе треб...
12 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Не поставувајте лични прашања и немојте да одите преку ред, дури и ако „само сак...
Навики на луѓето кои мудро ги трошат парите (и затоа се богати), низ илустрации Од мали нозе научиле дека нема потреба да трошат пари на храна што само ќе стои ...
Чарли Чаплин, Хју Хефнер: Темната страна на најпознатите „женкари“ во историјата Казанова е толку познат женкар во историјата, што неговото име денес честопати с...
„Изгледав кич и носев евтини материјали, денес сум префинета дама - како успеав?“ „Пораснав без најмала идеја околу нешто поврзано со модата, а не пак со елеганци...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg