5 фасцинантни и забавни пријателства меѓу познатите
Кога зборуваме за врските и односите, тие не се секогаш сексуални. Односите некогаш можат да бидат забавни, интересни или чудни.
Токму такви биле овие односи помеѓу овие силни и познати индивидуи:
1. Бор и Ајнштајн
Основоположниците на квантната механика често жестоко дебатирале еден со друг. Со години Ајнштајн се обидувал да напише повеќе трудови и експерименти од Бор за да го побие неговото Копенхагенско толкување.
Дебатата помеѓу Бор и Ајнштајн продолжила до смртта на Ајнштајн во 1955-та година.
2. Честертон и Шо
Најпознатиот филозофски противник на Честертон бил ирскиот драматург, Џорџ Бернард Шо. Шо ја претставувал новата школа на мислата, модернизмот, додека ставовите на Честертон биле повеќе фокусирани кон црквата. Нивните дебати, кои биле печатени за јавност, биле предмет на голема забава за луѓето.
3. Фројд и Јунг
Во 9:54, февруари 1907-та година Фројд го запознал Карл Јунг. Тие останале пријатели шест години. Фројд го опишувал тогаш младиот Карл Густав Јунг како неговиот наследник на психоанализата. Меѓутоа, Јунг почнал да ги шири своите теории што довело до непријателски размени на писма помеѓу двајцата психоаналитичари. Тие се сретнале за последен пат во септември, 1913-та година, во Минхен.
4. Шопенхауер и Хегел
Артур Шопенхауер бил германски филозоф кој ги инспирирал познатите мислители, како Фридрих Ниче, Рихард Вагнер, Алберт Ајнштајн, Сигмунд Фројд и Лав Толстој, додека Хегел бил еден од креаторите на германскиот идеализам, како и важен претходник на континенталната философија.
Шопенхауер често го критикувал Хегел. Во 1820 година Шопенхауер станал предавач на Универзитетот во Берлин, а своите предавања ги закажувал во исто време со оние на Хегел. Само пет студенти се појавиле на предавања на Шопенхауер, поради што се пензионирал од академијата.
5. Луис и Толкин
Книжевната група наречена „The Inklings“ се состоела од неколку влијателни интелектуалци на 20-от век. Двата најистакнати членови биле Клајв Луис и Ј.Р.Р.Толкин. Толкин и Луис биле блиски пријатели и често ги споделувале ракописите на нивните дела пред да ги објават. Но, кога Луиз ја издал Хрониките за Нарнија, Толкин изразиЛ силно несогласување со истите. Кога Луис се оженил за Џои Грешам сé поретко излегувал со старите пријатели, што Толкин го сфати лично.
М. А. | Црнобело