Работи во кои жените уживаат кога се сами дома
Не е тајна дека понекогаш сите сме сакале да поминеме некое време целосно сами - без нашите родители, деца или пријатели.
Жените и мажите сакаат да прават различни работи кога се сами, а ова се најчестите работи во кои жените уживаат кога се сами дома:
1. Уживање во храната никогаш не изгледало поубаво отколку кога сте сами дома. Никој не може да ви одреди колку топки сладолед да изедете, колку коцки чоколадо или колку парчиња пица.
2. Гледање на глупави ТВ емисии. Постојат моменти кога едноставно сакате да гледате нешто безначајно, глупаво и просто на ТВ, било да се работи за американско ријалити шоу, шпанска серија или емисија. Понекогаш најдобриот одмор за мозокот е токму гледање на безначајни работи на телевизија.
3. Слушање на гласна музика, танцување и пеење. Кога нема никој дома конечно можете да се ослободите и да ја испеете својата омилена песна без страв дека некој ќе го осудува вашиот „талент“ односно анти-талент за пеење или танцување.
4. Лежење во када со часови, без никој да тропа на вратата на тоалетот и да зборува нешто.
5. Читање на списанија или книги за кои никогаш не сте нашле доволно време. Нема ништо порелаксирачно од лежење на удобен кревет или фотеља и читање на интересни книги или списанија. Единствената маана во оваа ситуација е тоа што можеби ќе заспиете.
6. Спиење. Спиење до доцните попладневни часови. Мир и тишина. Едноставно, спиењето е олицетворение на задоволството.
Нормално, оваа листа не е генерализација на сите жени. Доколку не се пронајдете во текстот предложете ни ги вашите идеи...
М. А. | Црнобело