Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Работи кои не ги должите на никој

Многу избори што ги правиме се предмет на љубопитните прашања и коментари од луѓето околу нас. Членовите на семејството, пријателите, па дури и непознатите луѓе. Често се чини дека секој има свое мислење за работите што го правиме, без разлика колку се мали или незначителни.

Raboti-koi-ne-gi-dolzite-na-nikoj

Понекогаш луѓето одат толку далеку што бараат од нас да ги објасниме тие одлуки или избори. Може да се чувствувате обврзани да одговорите, но некои работи не ги должите на никој и не треба да им ги објаснувате вашите избори и одлуки.

Не сте должни да објаснувате зошто или со кого живеете. Дали живеете со вашиот поранешен дечко или бивша девојка, или живеете со своите родители. Не мора да ги објаснувате своите причини доколку не сакате. Тоа е ваша лична работа.

Не треба да ги оправдувате вашите животни приоритети. Секој има свои идеи за работи кои сака да ги направи и кои му се приоритети.

Не морате да ги подржувате сите лични убедувања на своите пријатели. Само затоа што некој ги споделува своите лични убедувања со вас не значи дека вие морате да ги одобрувате истите. Ако не се сложувате со нивните верувања, не треба да се преправате дека се согласувате со нив.

Вашиот одговор не треба секогаш да биде “да“. Имате право да кажете “не“ кога немате причина да кажете “да“. Не се плашете учтиво да ги одбиете луѓето доколку нешто не ви е приоритет.

Не должите никому објаснување за вашиот физички изглед. Можете да бидете витки, дебели, високи, ниски, убави, обични... Вашиот физички изглед е вашата лична работа.

Не треба да го објаснувате вашиот избор на храна. Постојат одредени видови храна кои едноставно не им се допаѓаат на сите поради различни причини. Вие не треба да објаснувате зошто сакате одредени видови храна.

Вашиот сексуален живот е ваша лична работа. Никој не треба да се меша во вашата интима, а вие не сте должни да ги објаснувате вашите избори.

Не сте должни да ги објаснувате вашите избори поврзани со вашата кариера или личен живот. Доколку сте сигурни во она што го правите и зошто го правите.

Не мора да ги објаснувате вашите верски или политички ставови. Без разлика дали сте демократи, католици, протестанти или муслимани, тоа е ваш личен избор. Ако некој не може да ве прифати онакви какви што се, тоа е нивен проблем, не ваш.

Не сте должни да ги објаснувате вашите причини зошто сте сингл. Без разлика дали сте сингл, бидејќи сакате да бидете или дека не сте ја запознале вистинската личност за вас, ова е ваш личен избор. 

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 работи кои префинетите жени никогаш нема да ги споделат на социјалните мрежи Лесно е да се вклучите во некоја расправија на социјалните мрежи или да споделит...
Дел од најголемите пирамидални измами во историјата, од кои луѓето изгубиле милијарди Пирамидалните шеми не се ништо ново, но стануваат сè подобри во своите измами, п...
Маж со 3 нозе, жена која тежела 2kg – Како изгледале изведувачите во циркусите од минатото? Во 1920-тите, Нели Бланш Лејн била позната како „најголемата жена во светот“ бид...
Фотки од неверојатни коинциденции - мора да ги погледнете двапати за да поверувате (фото) Некои коинциденции се толку апсурдни што треба да погледнеме двапати за да се ув...
„Јас сум хигиеничарка и 5 работи кај клиентите најмногу ме нервираат (број 3: кога ме следат како ку... „Мразам луѓе кои кријат работи за да ме тестираат дали чистам добро и дали пропу...
Работи што никако не смеете да ги правите во Северна Кореја како турист (бидејќи ќе завршите во затв... Ако покажете непочитување на владејачкото семејство или се осмелите да гледате з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg