Чоколадо + Вино = ?
Чоколадо и вино ммм... А најдобри се кога се консумираат заедно, зар не? Има и такви кои не мислат така, но повеќето сметаат дека комбинацијата на...
...вино и чоколадо го зголемува задоволството и придонесува да се чувствувате опуштено и извонредно.
Започнете го ова слатко искуство со експериментирање. Набавете неколку видови вино и неколку видови чоколади и почнете со магичниот експеримент
Она што треба да го знаете пред да започнете со пробувањето:
Секогаш почнете со полесните и посветлите вкусови и постепено прилагодувајте го вкусот за потемни и потешки комбинации.
Најважно е да знаете дека колку е послатко чоколадото толку и виното треба да е послатко, а колку е полесно виното толку и чоколадото треба да е полесно.
Тешките црни вина се најдобри со темни и горки чоколади (оние за готвење), а светлиот ризлинг или десертните вина се најдобри во комбинација со слатки млечни чоколади .
Пробајте ги сите можни комбинации и ќе го најдете вкусот што најмногу ви се допаѓа. Празниците кои доаѓаат се одлична прилика.
Ви гарантираме слатко, убаво задоволство. А, секако ако откриете некоја добра комбинација, чекаме да ни ја препорачате.
Би можело да ве интересира:





