Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


5 реченици кои никако не смеете да ги изговорите ако се обидувате да утешите некој

Во ситуации кога луѓето ни се доверуваат со своите проблеми кои ги мачат ние сакаме да им помогнеме и најдобро што можеме да ги утешиме, но често тоа го правиме на сосема погрешен начин – ќе изговориме погрешна реченица во погрешно време, но со добри намери.

5-rechenici-koi-nikako-ne-smeete-da-gi-izgovorite-ako-se-obiduvate-da-go-uteshite-nekoj-01.jpg

Овие 5 реченици не само што нема да направат подобро да се чувствува личноста на која ѝ се упатени, туку ќе направат да се чувствува полошо.

1. „Во депресија си? Разведри се!“

Ако на длабоко несреќна личност ѝ кажете да се насмевне, тоа може да има спротивен ефект врз неа – т.е. личноста да се чувствува полошо.

Во вакви ситуации едноставно морате да го слушате соговорникот затоа што вашето внимание им значи повеќе од обидот да ги утешите.

„Сигурно ти е тешко“ е реченицата која на прав начин ќе покаже дека разбирате низ што поминува таа личност.


2. „Доби отказ? Е добро де, барем малку ќе одмориш.“

Луѓето кои само што добиле отказ сигурно нема да уплатат одмор на егзотична дестинација, ниту пак ќе седат дома гледајќи телевизија. Тие ќе размислуваат за сметките кои ќе надојдат и како најбрзо да најдат нова работа.

Затоа, подобро е да не спомнувате дека ќе имаат вишок слободно време, затоа што тоа и самите веќе го знаат.

Кога пријателката ќе ви каже дека добила отказ, почестете ја пијалак. Пробајте да ѝ ги оттргнете мислите од отказот, релаксирајте ја и не заборавајте да ѝ кажете дека може да смета на вас без разлика на сѐ.


3. „Ти умре миленичето? Набави си
ново.“

Секој сопственик на домашно милениче ќе ви каже дека не е лесно да се надомести изгубеното животинче. За нивниот сопственик, тоа се чувствителни и незаменливи суштества и секое си е уникатно на свој посебен начин.

Ваквата загуба е тежок предизвик за секој кој поседува домашно милениче и секој различно се носи со својата тага.

Никако не им сугерирајте да земат ново, туку поттикнете ги да зборуваат за него и натерајте ги да се потсетат на убавите мигови кои ги споделиле заедно.


4. „Зошто си на диета? Воопшто немаш вишок килограми.“

Овие реченици смеете да ѝ ги кажете само на личност која навистина нема проблеми со килограмите, а без потребно се обидува да ослабе. Меѓутоа, никако не ги кажувајте на некој кој навистина се бори со вишок килограми и кои го загрозуваат нивното здравје.

Тие личности имаат потреба од поголема поддршка за време на диетата и поттикнување да слабеат, а ваквиот коментар (кој мислите дека е комплимент) всушност само ќе ги обесхрабри.


5. „Сѐ се случува со причина.“

Можеби најпознатата реченица кога станува збор за утешување, оваа клише реченица нема да донесе ништо добро. Залудно се обидуваме да ги олесниме непријатните ситуации кои се случуваат затоа што оваа фраза нити пружа утеха, нити пак има некое големо значење. Едноставно, тоа се празни зборови. 

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фотки кои покажуваат дека со текот на времето брачните партнери почнуваат да личат еден на друг Се сложувате ли со тоа дека некои парови, по многу години поминати во љубов (бра...
18 ѕвезди кои ќе изгледаа невпечатливо ако наместо сини имаа кафеави очи (фото) Од Бред Пит, преку Бредли Купер до Мајли Сајрус - како ќе изгледаа познатите со ...
„Братот на мојот сопруг му го донираше бубрегот“ и уште 5 приказни - доказ дека луѓето се добри За среќа, сè почесто слушаме приказни за добри дела, како кај нас, така и во све...
„Јас сум хигиеничарка и 5 работи кај клиентите најмногу ме нервираат (број 3: кога ме следат како ку... „Мразам луѓе кои кријат работи за да ме тестираат дали чистам добро и дали пропу...
Популарни трендови за кои подоцна младите (сигурно) ќе зажалат „Родители што им даваат на децата да користат интернет и технологија без никаков...
Драстична промена по естетска операција - Турчин се трансформираше во Џорџ Клуни Фотографиите од Турчинот Насер пред и по пластичната операција делуваат нереално...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg