5 докази дека не ги контролираме своите одлуки
Ако постои нешто во светот што треба да биде наше и само наше, тоа се нашите мисли. Тие опстојуваат во нашите глави и треба да бидат приватни. Излегува дека ова не е баш вистина, бидејќи постојат многу надворешни фактори кои ги обликуваат нашите мисли, емоции, верувања и чувства.
Овие 5 причини ќе ви докажат дека ние сепак не сме госпорадите на сопствените мисли и одлуки и дека не можеме да ги контролираме:
1. Новостите можат да го променат вашето расположение
Како најдобар пример, секако ќе го земеме Фејсбукот. Во еден експеримент спроведен на околу 700.000 корисници на Фејсбук во период од една недела добиени се следните резултати. Вестите кои се објавувале биле наместени да содржат позитивни или негативни вести и содржини. Корисниците биле следени за нивните промени, односно реакции на позитивните или негативните зборови во нивните статуси. Експериментот покажал промени во емоциите попратени со вестите на кои луѓето биле изложени. Терминот кој го користеле бил наречен „емоционална зараза". Според истражувањето, дури и кога не се физички блиску, луѓето можат да го апсорбираат лошото расположение, како и негативноста, само од гледање во екранот на компјутерот.
2. Сублиминални пораки
Во едно истражување во Холандија волонтерите биле изложени на сублиминални пораки: „пиење" и „жедни". Истражувачите потоа мереле колку е веројатно доброволците да побараат пијалок. Тие заклучиле дека потсвесните пораки навистина влијаат на човекот. Сублиминалната порака треба да биде засадена во мозокот како можност за исполнување, односно награда.
3. Програмирани сме да бидеме лековерни, особено ако сме паметни
Ова можеби звучи контрадикторно, но психолозите укажуваат дека луѓето веруваат во измами. Што сме попаметни, толку повеќе сме лековерни. Дел од тоа е поврзан и со егото, бидејќи паметните луѓе мислат дека не можат да бидат измамени. Друга причина е тоа што сме програмирани да веруваме на извори кои отсекогаш биле сигурни и да им веруваме на луѓето кои носат титули како „професор" и "доктор".
4. Големината на чинијата ни диктира колку ќе изедеме
Ова се нарекува „Delboeuf“ илузија, а за прв пат е документирана во 1865 година. Доколку не верувате, земете две порции храна со еднаква големина, односно количина. Едната ставете ја во голема чинија, а другата во мала. Малата чинија ви изгледа поголемо, нели? Истото се случува и кога се работи за пијалаци. Ова се случува бидејќи нашиот мозок не може да ја надмине илузијата на релативната големина на износите.
5. Боите можат да променат многу работи
Често декораторите кажуваат дека бојата на собата треба да се избере според чувствата кои сакаме да ги има собата, но постојат значително повеќе причини од оваа. Според една статија во списанието Форбс, бојата на ѕидовите во канцеларијата може многу силно да влијае на расположението на клиентите. Топлите бои, како на пример црвената, може да предизвика топлина, додека ладните бои, како сината, може да предизвика ладни чувства.
Сè уште мислите дека потполно ги контролирате своите чувства и одлуки?
М. А. | Црнобело