Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Иљач против мамурлак?

Ниту еден од многуте совети за лечење на мамурлакот по преживеаната пијана ноќ нема медицинска подлога, но, дали овој факт ќе не` натера да се убедиме...

 

... дека ништо на светов нема да не` спаси?

Со големо  задоволство ви го претставуваме убедливо најдобриот лек за мамурлак до денес: немојте воопшто да дозволите да бидете мамурни. Поедноставно кажано – подалеку од алкохолот.

Професорите  Rachel Vreeman и Adam Carrol од Медицинскиот факултет во Индијана, тврдат дека лековите против мамурлак се обични медицински митови.

Се испитуваа многу лекови, но нема никаков доказ дека било кој од нив делува. За ниту еден од нив до сега не е утврдено дека има позитивно влијание врз превенцијата или лечењето на мамурлакот. Секој си има некој иљач во чие делување е цврсто убеден, но, кога зборуваме за медицинските факти, никој ништо не може да докаже!“, вели Vreeman.

iljac-protiv-mamurlak1

Што е нејзиниот совет?

Пијте умерено, или тотално избегнувајте го алкохолот, затоа што, нели, мамурлакот се зголемува преку зголемувањето на количините на алкохол кои ги внесуваме во организмот. Ако дехидрирате, пијте многу вода, ако ве боли глава, голтнете некое соодветно апче. И не, не постои вистински лек.

Така што кога станува збор за алкохолот – очигледно, ќе продолжиме со одење на се` или ништо. Ако сепак за време на празниците се одлучите за ова „се`“, без оглед на последиците во облик на мамурлак, еве совети како да го пребродите (совети, да - нели веќе рековме дека лек не постои).

Чекор 1: Во екот на кобната вечер

Алкохолот со потемна боја како што е црвеното вино, или вискито, во себе содржи чудни комбинации за кои се верува дека го зголемуваат мамурлакот. Затоа, за ваше добро, пијте вотка или бело вино.

По секоја чашка, напијте се и чаша вода. Тоа ќе го забави трошењето на вашата енергија, ќе ве ослободи од отровите, и ќе ве спаси од дехидрирање. Избегнувајте и газирани пијалаци, бидејќи тие ја забрзуваат апсорпцијата на алкохолот во крвотокот.

Исто многу важна работа е и јадењето – особено храна која содржи масти, протеини или јаглехидрати. Помасната храна содржи хормон кој го одложува празнењето на желудникот, што автоматски упатува на тоа дека на алкохолот ќе му треба нешто повеќе време за да „пробие“.

Чекор 2: Утротоiljac-protiv-mamurlak2

Спиење, спиење и само спиење. Добриот сон ќе му помогне на вашето тело да се опорави. Следно - внесувањето на витамини. Клише или не - витаминот Ц навистина ќе влијае врз вашето расположение и ќе ве одржи будни.
Негативните страни на алкохолот, секако ќе се покажат на виделина, зашто ќе се разбудите ем со главоболка, ем дехидрирани. Лекот - уште вода!

Е, сега дојде моментот и да каснете нешто конкретно. Појадувањето (или ручање - зависно од времето кога се разбудите) е добра одлука, иако можеби вашиот желудник нема баш да се согласи со неа.

Некој фино склопен сендвич и чаша овошен сок ќе ви го нормализираат шеќерот во крвта. Исто така, храната го забрзува вашиот метаболизам, допуштајќи му на телото што побрзо да се ослободи од алкохолот.

Иако можеби звучи како невозможна мисија, излегувањето на свеж воздух многу ќе помогне. Затоа, промрдајте ги мускулите и наполнете ги градите со воздух.

И за крај - мал совет за љубителите на кофеинот - иако онаа прекрасна шолја кафе добро би ве освестила, таа исто така, во овие тешки моменти, ви е непријател. Имајте предвид дека веќе сте дехидрирани од претходната ноќ, и дека на телото мора да му обезбедите доволно течности, а кафето - е чиста спротивност на ова.

Се надеваме дека вчерашната петочна вечер добро и трезно ви поминала, ако не тогаш сте на правото место! Wink

Би можело да ве интересира:

Исповед на еден нарцисоиден маж: „Сакам да бидам сакан, но не ме привлекуваат тие што ме сакаат“ „Јас сум студена, себична личност без срце. Немам сочувство кон другите, се гриж...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...
18 пати кога очекувањата на луѓето биле многу поголеми од она што го добиле во реалноста „На дедо ми му купив дрво со јаболка. Следното утро ми ја испрати фотографијата ...
12 луѓе со уникатни генетски карактеристики - џиновско влакно од трепки, двобојна брада „Мојата ќерка има прамени на косата во две различни бои“ и уште 11 фотографии со...
Лак за нокти, фен за коса – Како изгледале секојдневните предмети во минатото? (фото) Сте виделе ли како изгледа фен за коса од пред 100 години? А, знаете ли какви вл...
7 секојдневни потсетници дека треба да се грижите за себе Простете си себеси ако не успеавте да станете личноста каква што посакувавте да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg