Како да ја победите емоционалната болка?

Кога ќе тргнете на едно патување можат да се случат многу предвидени но и непредвидени крајни резултати, замислете колку работи можат да се случат на патувањето наречено живот.

Kako-da-ja-pobedite-emocionalnata-bolka-01

Сите сме свесни дека на такво долготрајно патување не можат да не следат само убави нешта, без разлика колку среќата ни е наклонета. Затоа, според Њутновиот закон за акција и реакција, паралелно на љубовта оди процесот на одбивање, среќата се надополнува со тагата, а после секоја добивка пропорционално следи и  загуба.

Таквите емоционални дупки се неизбежни, но еве неколку совети како полесно да бидат надминати.

1. Состојбата на неуспех

Сигурно секој од вас се соочил со ситуација каде вашето постигнување на посакуваната цел било доведено во прашање и притоа вашето его доживеало невиден удар. Но, треба да сфатите дека доколку сте доживеале неуспех во едно поле од вашиот живот тоа не значи дека вие сте пропаст во сите полиња од вашиот живот. Што би рекле ако е изгубена битката, не е изгубена војната.

Експертите велат дека најдобар лек за ваквата состојба е разговор со личности кои се блиски до вас. Тие сметаат дека токму вашите блиски би можеле да ви помогнат да ја согледате убаво ситуацијата, да ве натераат добро да размислите што се можете да изгубите и добиете од тоа искуство и едноставно да ве натераат да размислувате реално.

Исто така еден третман за да го надминете стравот од неуспех за ситуациите кои не се случиле сè уште, но вие се плашите дека вашиот труд нема да биде доволен, е да ја замените состојбата на безизлезност, страв и тага со хумор кон токму таквата состојба. Тоа ќе биде одличен начин да се справите со вистински или измислен неуспех. Се верува дека ако најдете начин да ги отргнете мислите за страв од неуспех, вие всушност можете да направите како тој воошто да не се случил.


2. Отровниот ефект на вина

Најчесто емоционалните болки ви ги предзвикува надворешниот свет, но што ако вие сте изворот на вашата емоционална болка ?
При чувството на вина вие сте изворот на она што ве прави несреќни. При таква состојба најчесто се исполнувате со чувства кои едноставно го загрозуваат вашето секојдневие.

Но, треба да имате на ум дека сето тоа може да биде надминато. Доколку се чувствувате виновни за нешто, најдобро е да се извините, секако ако тоа е можно, за да можете да се ослободите од тоа чувство кое ве заробува. Кога другите ќе ви простат, простете си и вие самите и можеби ќе видите дека луѓето кои сте сметале дека сте ги изневериле ќе бидат оние кои ќе ве бодрат да го преживеете ова чувство на вина.


3. Страв од самотија

Луѓето, колку и да звучи чудно, можат да останат сами низ целиот свој живот. Колку подолго останувате без блиски контакти со другите, сè потешко ви е да остварите конекција со нови луѓе, но понекогаш и со оние кои би ви биле стари пријатели.

Доколку сте цврсто убедени дека никој нема да ве сака, да се грижи и да се бори за вас, тогаш првично нешто што треба да го направите во оваа состојба е да престанете да бидете песимистични. Бидејќи со таквото постојано размислување ќе живеете со фактот дека другите постојано мислат негативно за вас.

Во тие моменти треба да научите да го контролирате вашиот скептицизам и да престанете беспотребно да зборувате негативно за вас самите. Сфатете дека никој не се родил со способноста да биде комуникативен и прифатен во друштвото и никој не се раѓа со својата сродна душа. Ако направите промена во вашето размислување и однесување, почнете да се социјализирате и бидете оптимистични наместо песимистични, ова чувство на самотија веднаш ќе исчезне, а вие ќе уживате во вашиот исполнет живот.

Запомнете дека емоционалната болка е навистина голема, можеби и поголема од физичката болка, но нема проблем кој не можете да го решите.

Пред тестот кој ви го поставил животот напнете силно и износете го товарот кој ви е наметнат. Колку и да си мислите во тој момент дека тоа е невозможно, грешите.

Вие сте создадени за големи нешта, не дозволувајте негативното размислување околу вашите способности да ве спречи да ги остварите истите.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Џони Деп бил гостин, организираат погреб на лоши филмови – Што знаеме за „Дрвенград“ во Србија? „Дрвенград“ бил изграден за продукцијата на филмот во режија на Емир Кустурица „...
7 корисни трикови за сопствениците на автомобили (кои ќе ви го олеснат животот) Знаете ли дека со ќесичките со силиконски топчиња кои ги има во сите кутии за че...
„Една работа што ја слушнав од мојот психолог што ми го промени животот“ „Психологот еднаш ми рече ’Не мора да ги решиш сите проблеми одеднаш. Само почни...
Чарли Чаплин, Хју Хефнер: Темната страна на најпознатите „женкари“ во историјата Казанова е толку познат женкар во историјата, што неговото име денес честопати с...
5 чести грешки што треба да ги имате предвид пред да се тетовирате Добро размислете која големина најмногу ќе ви одговара на вашата тетоважа, а ако...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg