10 техники кои ќе му овозможат на вашиот мозок стекнување на поголема моќ
Нашите соништа се најчесто таму некаде далеку каде небото е сино, а сонцето свети толку јасно што ниту еден облак не може да ја сокрие таа светлина.
Од друга страна ние се наоѓаме во така густа магла од која не можеме да видиме ништо околу нас, и лутаме без било каква насока по патеката која веруваме дека е вистинската само затоа што некој ни кажал дека е така.
Остварувањето на соништата бара мозок кој не поднесува никакви ограничувања, мозок е има моќ да се издигне над целата таа магла и да ја здогледа вистинската патека, која во тој момент на сите останати може да им изгледа целосно бесмислена.
Ова се неколку техники кои ќе му овозможат на вашиот мозок да стекне поголема моќност и да се ослободи од стегите на општеството во кое живееме:
1. Запишете ги вашите мисли на лист хартија и потоа размислете за нив
Илјадниците идеи кои се преплетуваат во вашиот мозок не му дозволуваат да се посвети целосно на една и да ја насочи целата негова енергија кон истата. Кога имате една идеја пред себе, на извесен начин, го стимулирате мозокот да стане поконцентриран и полесно да дојде до саканиот резултат.
2. Научете да ги оценувате вашите идеи
Обидете се да гледате на вашите идеи сосема објективно. Замислете дека тоа се идеи на некоја сосема друга личност. Кој совет би и го дале тогаш на личноста?
3. Размислувајте додека се движите
За да се активира нашиот мозок, треба да биде активно и нашето тело. Не секогаш движењето подразбира трчање или напорна физичка активност, доволно е самото пешачење до работа, до училиште, до блискиот супермаркет за да добиете стимули кои ќе му помогнат на вашиот мозок целосно да се активира.
4. Бидете свесни за ограничувањата на вашата перспектива
Колку повеќе верувате на предрасудите и се водите од идеите и искуствата на средината и луѓето околу вас, толку повеќе ги стеснувате границите на вашата перспектива. А, мозокот не може да работи и да осмислува нови идеи ако го затворите во кафез.
5. Продлабочете го вашето знаење
Одберете нешто што ве интересира, независно дали е поврзано со вашата професија или не, и научете нешто ново. Ако сте љубител на книги, отидете до најблиската библиотека или книжарници и набавете нови книги. Читањето ве ослободува од стресот и ја стимулира активноста на мозокот.
6. Мислете со сопствената глава
Виe најдобро знаете како се чувствувате и што сакате да постигнете во животот. Никој не може да размислува за вас и да ви каже што е правилно или погрешно. Ако чувствувате дека сте на вистинскиот пат, само храбро продолжете напред.
7. Не грижете се за тоа што другите ќе го мислат за вас
Она што другите го мислат за вас не е ваша работа. Дури и да сте најдобриот човек на светот секогаш ќе се најде некој кој ќе зборува нешто лошо зад вашиот грб. Вложувањето напори и енергија да им докажете на другите дека сте добра личност ќе ви одземе драгоцено време и енергија, и ќе ви го наполни мозокот со негативности кои не му дозволуваат да напредува и да се развива.
8. Престанете да се жалите за сè и сешто
Жалењето колку ви е тешко и како ви сте најголемиот баксуз на светот воопшто нема ди ви помогне да ги промените работите на подобро. Самото концентрирање на негативните работи кои ви се случуваат ве спречува да ги забележите добрите работи и да ги искористите во сопствена полза.
9. Одвојте време само за себе
Потребно ви е време во кое ќе застанете и ќе се посветите на себеси. Време во кое ќе им дозволите на вашиот ум и тело да се смират и релаксираат. Обидете се со јога или медитација, тие ќе му овозможат на вашиот мозок целосно прочистување од насобраните негативности.
10. Учествувајте во дебати
Не се плашете да го изнесете вашето размислување. Секоја од дебатите ви нуди две можности, да погрешите и да научите нешто ново или да стекнете сигурност во себеси и да научите како да ги презентирате вашите идеи пред другите.
М. С. | Црнобело