Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Со што НЕ треба да го храните вашето куче?

Кучињата многу од тоа што им даваме не смеат да консумираат, но кои се најнепосакуваните намирници?

so-sto-ne-treba-da-go-hranite-vaseto-kuce-01.jpg

Некои сметаат дека кучињата сами одбираат што да јадат, доколку нештото не е здраво за нив нема да го јадат. Но, имајте предвид дека и ние јадеме нешто што не би требало бидејќи сме залажани од индустриски преработената храна во која се додадени бројни адитиви за неодолив вкус и боја.

Не им фрлајте на кучињата секаков вид на храна бидејќи тие не се машина за обработка на отпадок.

Така можете сериозно да го нарушите здравјето на своето милениче.

Пијалаци

Не, не е забавно да му дадете на вашето милениче пиво. Ликери, вино и секаков вид алкохол дури и храна која содржи алкохол никако не е погодна за вашето куче. Алкохолот има ист ефект врз мозокот на кучето како што има кај вас. Само што вас мала количина на алкохол нема да ви наштети како што би му наштетила на вашето куче. И малку алкохол може кај кучето да предизвика повраќање, пролив, проблеми со координација, отежнато дишење дури и смрт.

Уште поопасно делува кофеинот. Во поголема количина може да биде фатален. Ако кучето се напие кафе, изеде зрна кафе, јаде чоколадо во голема количина или газирани сокови почнува отежнато да дише, срцето посилно му чука и може да дојде до крварење.


Лук

Лукот во било која форма може да ги уништи црвените крвни зрнца и да доведе до анемија. Труење може да настане од голема количина или долгорочна изложеност на мала количина.


Благо

Како и алкохолот, слатките работи не се за куче. Благото ја зголемува циркулацијата на инсулин во телото на кучето, шеќерот паѓа и може да дојде до откажување на црниот дроб и тоа само за неколку денови.


Коски

Најверојатно се чудите, но коските (остатоци од вашиот оброк) или месо, не се препорачливи како храна за куче. Иако ви изгледа природно да му дадете коска на куче, но тоа може да се задави од ситните и остри коски. Затоа внимавајте и добро одбирајте ги парчињата ако веќе сакате да го почестите.


Неварено месо и сол

Невареното месо може да содржи бактерии кои предизвикуваат труење со храна.  Ако не внимавате на време, исходот може да биде фатален за 2 недели. Ако кучето е болно ќе повраќа, ќе има температура и потечени лимфни јазли. Ако веќе му давате месо, нека биде што понемасно и претходно подготвено.

Исто не се препорачливи живи јајца, бидејќи исто како и ние и кучињата може да се заразат со салмонела или ешерихија коли.

Солената храна исто може да биде штетна за здравјето (особено чипс и грицки). Се јавува голема жед и кучето тешко може да се справи со неа.

Н. Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Едвај платив сметки, сега треба и есенски да го украсам домот за да бидам во тренд на Инстаграм?“ Украсувањето на домот за секоја сезона е хит на Инстаграм и поради ова многумина...
Нуркање со ајкули и уште 19 опасни туристички атракции за „зависници“ од адреналин Дали би се качиле на зиплајн? А, дали би нуркале затворени во кафез покрај ајкул...
15 фото-докази дека брадата е како шминка за мажите Ги крие несовршеностите на лицето и може целосно да го трансформира ликот – брад...
„Решив да немам деца, а колега ме понижи пред сите поради тоа - Како се справив со него?“ „Почнав да плачам и реков: Не можам да имам деца. Жената со која разговарав...
7 супер трикови со кои ќе изгледате повисоко и послабо на фотките Не го стегајте рамото до телото, туку оддалечете ја раката од торзото; застанете...
Неверојатни реклами кои ќе ве остават без зборови поради нивната генијалност (фото) Погледнете неколку креативни реклами кои навистина се истакнуваат од другите и о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg