Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Досадата е најголем грев за нив: 5 знаци дека сте жена со диво срце

Овие жени се слободни души, деца на природата... Тие се како божици на стариот свет, шетаат низ улиците во сосема обични чевли, меѓу обичните смртници. За нив овој свет нема граници и животот секогаш им е авантура.

ne-trpat-inhibicii-ja-slushaat-samo-svojata-luda-dusha-dali-sakate-zena-so-divo-srce-01.jpg

Ако сакате да бидете покрај нив и дел од нивниот живот, треба да знаете неколку работи за жените со диво срце:

1. За нив најголем грев е здодевноста

Тоа не значи дека не знаат како да уживаат во секојдневните работи, одат на работа и знаат да го прават она што е неопходно за да преживеат, но тоа не е нешто што ги прави живи.

Авантурата е единствената работа која е секогаш во центарот на нивното внимание. Тие дневната соба секогаш ја претвораат во танцов подиум, ги соблекуваат чевлите надвор тогаш кога силно врне дожд, не се плашат дека со страсните бакнежи ќе им ја уништите шминката...

Во сред ноќ можат да решат дека не им се спие, да го облечат својот најубав фустан и да излезат во клуб доцна во ноќта.

По работа можат ненадејно да решат дека сакаат да одат во музеј, бидејќи повторно сакаат да ја видат фотографијата која ги потсетува на детството.

Се враќаат пеш дома по некој пат на кој никогаш претходно не чекореле.

Она што никогаш нема да го направат е едната иста работа, двапати.


2. Не ги донесуваат секогаш најпаметните одлуки

Да играте мудро значи добро да ги анализирате своите чекори, организирано да планирате и да бидете внимателни. Жените со диво срце не сакаат да планираат однапред.

Љубопитни се, па немаат мир сè додека не откријат што ќе се случи, ако направат нешто непромислено. На крај, непромислените одлуки се оние со кои имаат неочекувани средби и неверојатни ситуации.

По цена на секоја болка, тие одлучуваат да го слушаат своето лудо срце.


3. Сепак преживуваат

Тоа не значи дека не знаат да се грижат за својот живот – ги плаќаат своите сметки, купуваат храна и облека и се грижат за својот дом.

Покрај сите свои лудости и фактот дека не размислуваат за својата далечна иднина, знаат да се грижат за себеси.


4. Независни се

Не сакаат нечија помош, но тоа не значи дека не им е потребна понекогаш.

Овие жени се силни и горди на својата сила. Ако некогаш видите солзи на нив, никогаш не им го спомнувајте тоа.


5. Никогаш нема да се смират

Не се обидувајте да ги припитомите и да ги вклопите. Никогаш нема да бидат она што го барате од нив, никогаш нема да бидат домаќинки. Поточно, никогаш нема да бидат само тоа.

Секогаш ќе имаат потреба за нешто повеќе, да видат и да почувствуваат.

Ако застанете на патот на нивната авантура, ќе ве презираат и ќе избегаат во првата дадена ситуација. Ако ги заробите во четири ѕида, „ќе умрат“.

Би можело да ве интересира:

Македонците најмлади стапуваат во брак на Балканот - во кои земји се чека најдолго? Според податоци на Евростат од 2021 година, во просек, Македонките стапуваат во ...
9 забавни илустрации: Колку се разликуваат во исти ситуации мажите и жените? Како реагираат мажите, а како жените по раскинувањето? А колку време им треба да...
Работи што ги прават луѓето кои ја проектираат својата несигурност на другите Ги исмејуваат другите, но и постојано се критикуваат себеси. Ги исмејуваат др...
Идеи за креативни подароци за на мекици (фото) Ако сакате да подарите уникатен подарок на мекици за новородено бебе, имаме неко...
8 секојдневни работи што му се забранети на Доналд Трамп, откако стана претседател Не смее да вози, но и не смее да користи свој смартфон, од безбедносни причини. ...
Маки што им се познати на сите кои живееле во стан (и имале лоши соседи) Соседи кои оставаат ѓубре пред врата, влага во бањата од станот над вас – живеењ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg