Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Јазик, фантазија, движење на две нозе: Работи кои ги земаме „здраво за готово“

Луѓето имаат тенденција некои од своите способности да ги земаат здраво за готово. Честопати, ние не ги забележуваме извонредните карактеристики кои се вкоренети во нашиот секојдневен живот.

jazik-fantazija-dvizenje-na-noze-raboti-koi-gi-zemame-zdravo-za-gotovo-01.jpg

Ова се дел од карактеристиките кои нè разликуваат од повеќето животни, а ги земаме здраво за готово:

Движење на две нозе

Луѓето (во просек) почнуваат да одат на приближно една година. Нашата способност да научиме како да се движиме исклучиво на две нозе, без оглед на возраста, е неверојатен подвиг.

Самиот чин на одење ни овозможил да се ослободиме од употребата на рацете за таа цел, а од друга страна, да ракуваме со широк спектар на алатки.

Одењето на две нозе троши далеку помалку енергија од одење на сите четири.


Моторни вештини

Треба да станеме свесни за важноста на нашите палци. Луѓето оваа функција не ја споделуваат со другите животни, што значи дека сите сме способни за користење на нашите палци.

Зошто е тоа толку важно? Одговорот на тоа прашање лежи во фактот дека нашите раце ја имаат способноста да вршат прецизни задачи, како што се држење на молив или пишување на тастатура.


Јазик

Потеклото на јазикот е обвиткано во мистерија, а научниците сè уште дебатираат за тоа.

Потеклото на пишаниот јазик е исто така тема на жешка дебата.

Сепак, повеќето луѓе се согласуваат дека најраните корени на јазикот потекнуваат од древните пештерски цртежи, што бил првиот обид на човекот кон споделување на идеите. Луѓето имаат измислено илјадници говорни и писмени јазици кои сè уште се во употреба и денес.


Готвење

Со текот на годините сме се навикнале на вкусот и текстурата на зготвената храна и не можеме да замислиме да јадеме сурова храна.

Знаењето поврзано со готвењето ни овозможило да ги прошириме нашето мени и вистински да го вкусиме светот околу нас.


Меморија

Кој ден е денес? Што имав за појадок ова утро? Повеќето од вас нема да имаат проблеми да се сетат на овие одговори. Но, на меморијата сè уште се гледа како енигма и на тој начин, сè уште не е целосно разбрана.

Можностите на човековата меморија се различни и сложени. Некои луѓе тврдат дека имаат премногу моќни сеќавањата, додека другите имаат проблеми да се сетат на одредени работи.


Фантазија

Дали некогаш сте се прашувале какво е чувството да се биде најбогат на светот? Најпаметен, најбрз или најсилен? Всушност, ако некогаш сте се запрашале за нешто, тогаш сте биле подложени на вртлогот на вашата фантазија.

Без неа, човештвото ќе беше сведено на досада и апатија. Без фантазијата не би постоел јазикот, математиката, медицината...

Луѓето не би имале желба да ги тестираат границите на сопствените умови или физичката подготвеност. Фантазијата е способност која нејасните концепти ги трансформира во опиплива реалност. 

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ако сте во брак и имате одделни финансии, не сте тим - вие сте само цимери со бурми“ „Во брак сте - не сте цимери. Парите не треба да бидат „мои“ или „твои“, туку „н...
Величествени градби од стари цивилизации кои можете да ги видите и денес Колосеумот во Рим, храмот на Кукулкан во Мексико – ширум светот постојат бројни ...
10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....
Два пропаднати брака, афера: Бурниот љубовен живот на Стивен Хокинг Стивен Хокинг не дозволил болеста да му претставува пречка во научната работа ни...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Знаци дека вашата пријателка е во насилна врска (и можеби ѝ треба помош) Партнерот не ѝ дозволува да излегува со вас, нагло го променила стилот на облеку...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg