Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Што кажува за нас музиката која ја слушаме?

Едно од најважните истражувања поврзани со музиката и дефинирањето на личноста е спроведено од страна на д-р Адриан Норт. Во истражувањето испитани се 36.518 луѓе во повеќе од 60 земји, за нивните желби, за 104 музички стилови, како и за нивната личност.

sto-kazuva-za-nas-muzikata-koja-ja-slusame-01.jpg

Откриено е дека врз основа на музичкиот стил, односно вкусот, може да се одреди нечија личност и начинот на живеење.

Така:

Рап / Хип-Хоп: Висока самодоверба, екстровертност, не се многу еколошки освестени

Метал: нежни личности со ниска самодоверба, малку резервирани, но задоволни од себе

Инди рок: ниска самодоверба, креативни, мрзливи, тврдоглави личности

Електроника / денс: социјални, тврдоглави, креативни личности, претежно екстроверти

Класична музика: висока самодоверба, интровертни, еколошки освестени

Поп: висока самодоверба, социјални, но не и креативни личности, напнати личности

Интересно е тоа што нашиот вкус за музиката може да открие и други работи во врска со личноста.

Луѓе кои сакаат опера, џез и класична музика се, во најголем процент, луѓе со повисок степен на образование и повисоки приходи од обожувателите на други музички жанрови.

Се разбира, сите одговори треба да се земат со резерва, бидејќи многумина од учесниците во ова истражување, како и во многу други психолошки истражувања, не биле целосно искрени во своите одговори.

Постои голема разлика помеѓу музиката која ја сакаме и која ја слушаме. Тоа е затоа што луѓето се свесни дека некоја музика е поврзана со одредени вредности и личности.

Ако се осврнеме на возраста на лицето, полот, националноста, припадноста на социјална класа, речиси за сите може да се предвиди типот на личноста со 30-процентна сигурност.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како изгледале овошјето и зеленчукот во минатото, пред да бидат култивирани? Знаевте ли дека во минатото бананите имале семки? Како изгледале другите овошја ...
6 работи што луѓето со анксиозност сакаат да ги разбереме Не можат да се ослободат од анксиозноста со позитивно мислење и доста често нема...
Морничава исповед на жена: „Моите родители беа сериски убијци – ја убија и сестра ми“ „Сакав да побегнам од Англија во Австралија, но не ми дозволија влез во државата...
8 работи на кои треба да обрнете внимание кога купувате чевли Еластичноста на ѓонот кај ниските чевли, но и формата на вашето стапало - на што...
„Јас сум стара жена, со денови немам со кого да направам муабет - посакувам да имав некој да се гриж... „Гледам на телевизија емисии за луѓе кои не проговориле со никого цела седмица и...
Pimp My Ride и уште 9 (бизарни) реални шоуа што ги гледавме на MTV во 2000-тите Се сеќавате на Simple Life, шоуто во кое богаташките Парис Хилтон и Никол Ричи п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg