10 работи за кои ќе жалите 10 години подоцна

Сите сакаме да веруваме дека донесуваме исправни одлуки во важните моменти во нашиот живот. Но, понекогаш е тешко да се повлече линијата помеѓу доброто (корисното) и лошото (бескорисното).

deset-raboti-za-koi-ke-zalite-deset-godini-podocna-01.jpg

Ова се 10 работи кои доколку ги правите, ќе ви прават проблеми во иднината.

1. Носење на маски

Ако лицето што секогаш го покажувате на светот е маска, еден ден нема да имате ништо под неа. Не го трошите времето обидувајќи се да ја импресионирате околината, бидејќи, на крајот ќе заборавите кои сте вие навистина. Не треба да се плашите од пресудите на другите луѓе, вие најдобро знаете кои сте и што сакате. Совршеноста не постои. Не треба да бидете совршени за да ги импресионирате и инспирирате луѓето.


2.
Не дозволувајте некој друг да ги создава вашите соништа

Најголемиот предизвик во животот е да се открие смислата на животот, вториот најголем предизвик е да се биде среќен со она што го бараме. Секогаш треба да ги следите своите соништа, бидејќи, доколку некој друг ги создава наместо вас, никогаш нема да бидете задоволни со својот живот, или пат кој бил избран за вас. Понекогаш вреди да се ризикува за вистинската работа.


3. Негативно друштво

Не дозволувајте негативноста да допре до вас. Одржување на пријателствата е избор, а не обврска. Доколку не ви се допаѓа вашето друштво, сменете го.


4. Себичност и егоизам

Луѓето кои ги инспирирате и со кои ги споделувате своите чувства ќе се сеќаваат на вас долго време. Она што сте го направиле за себе, ќе умре со вас, она она што сте го направиле за другите засекогаш ќе остане на светот.


5. Избегнување на промени и развој

Ако сакате да го знаете вашето минатото, погледнете ги сегашните услови, ако сакате да ја знаете вашата иднина, погледне ги вашите моментални постапки. За да се започне нешто ново, старите работи мораат да се сменат. Луѓето се менуваат цел живот, се работи за еволуирање кое е потребно. Минатото никогаш нема да се врати. Оставете ги вашите спомени во својата потсвест, учете на претходните лекции и создавајте поинаква иднина.

deset-raboti-za-koi-ke-zalite-deset-godini-podocna-02.jpg

6. Oткажување кога ќе стане тешко

Не постојат грешки, само резултати. Дури и ако работите не се одвиваат на начинот на кој сте очекувале, не треба да сте обесхрабрени или да се откажете.


7. Се обидувате да управувате со секоја мала работа

Понекогаш треба да се релаксирате, да земете длабок здив. Не мора секогаш да знаете точно што сакате. Понекогаш е потребно време да се поврзат сите аспекти во животот.


8. Борење за она што го заслужувате

Бидете доволно силни и доволно мудри и барајте го она што го заслужувате. Понекогаш треба да поминеме низ тешки периоди за да можеме да ги согледаме сите можности и да сфатиме дали нешто вреди.


9. Бесконечно чекање

Проблемот е што секогаш мислиме дека утре ќе имаме повеќе време. Но, еден ден ќе се разбудите и ќе сфатите дека немате повеќе време да работите на работите кои од секогаш сте сакале да ги направите.


10.
Мрзливост

Светот не ви должи ништо, а вие му должите сé. Не бидете мрзливи. Преземете ја целосната одговорност за животот, превземете ја контролата. Вие сте важни и вие сте потребни. На некој во светот сте му потребни токму вие.

М.А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Низ илустрации: Колку се смени животот во последните 30 години? Родителите го почитуваат мислењето на децата, зависни сме од технологија... Кои ...
Маки што им се познати на сите кои живееле во стан (и имале лоши соседи) Соседи кои оставаат ѓубре пред врата, влага во бањата од станот над вас – живеењ...
Брус Вилис и Деми Мур беа во брак – Настани кои се случија пред дури 35 години Пред 35 години, се емитуваше последната епизода од легендарната сапуница „Династ...
Необични детали од секојдневието во Јапонија што ги бунат туристите Тоалети во лифтовите во случај некој да биде заглавен поради земјотрес, но и ваг...
8 фрази што ги користат луѓето кои се лицемерни кон вас, за да ве манипулираат „Не мисли толку многу“, „Заборави и опушти се“, „Не сакам да се фалам...“ Кои ре...
Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg