Како да се опуштите после напорен работен ден?

Работните обврски често знаат да не исцрпат и да не остават без енергија за преостанатот дел од денот. Неретко на работа физички се оптеретуваме или имаме многу активности кои заморуваат.

kako-da-se-opustite-posle-naporen-raboten-den-01.jpg

Како да ги наполниме батериите после работа?

1. Една од најголемите грешки е што веднаш после работа почнуваме со друга домашна работа. Колку и да имате обврски во домот, одделете време после работа за кафе со партнерот, разговор со цимерот или играње со децата. Даjте си еден час пауза, па потоа преминете на другите активности.

2. За гуманите одлична идеја за опуштање после напорен ден е готвењето. Гответе сами или со партнерот. Направете го вашето омилено јадење и повикајте ги пријателите на вечера. Екпериментирајте со нов зачин или направете некој нов сос. Со тоа ќе го одвлечeте вашето внимание и ќе си поминете убава вечер со пријатно друштво и вкусна вечера.

kako-da-se-opustite-posle-naporen-raboten-den-02.jpg

3. Доколку готвењето е ваша слаба страна, пуканките се полесна варијанта. А пуканките одат секогаш со добар филм. Одберете филм кој одговара на вашето расположение. Со комедија никогаш нема да згрешите!

4. Чаша вино сигурно ќе ве опушти. Виното придружено со добра музика ќе ве натера да ги промените мислите и да се свртите кон себе. Чашка до две вино ќе ви бидат доволни за опуштање и добар сон.

5. На крај на денот, топлиот туш ќе ги избрише сите грижи. Така свежи одвојте си време за себе, правејќи нешто што ве исполнува, како добра книга или медитација.

Н. Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што да правите, а што не ако почне да грми кога сте на плажа? Немојте да се криете под шатор или тенда и ако во близина нема затворен простор,...
Стјуардеси ги откриваат петте највалкани места во авионот Помошните масички кои се наоѓаат на седиштето честопати се користат за јадење ил...
Двојни стандарди со кои се соочуваме и во 21-иот век, а не треба (низ илустрации) Едно ги учиме децата, а друго правиме... Ако татковците доцнат, сигурно за тоа и...
Ефикасни начини како да се справите со манипулаторите, без да ги изгубите своите нерви Манипулаторите честопати го ловат вашето его: го преувеличуваат кога им треба не...
6 психолошки трикови за полесно да ги разберете луѓето „Ако некој се лути заради глупости, тоа значи дека му е потребна љубов“. Прочита...
Фотки кои ќе ве утешат: Луѓе кои имале полош ден на работа од вас Скинати фармерки, но и колеги кои како да забораваат дека во канцеларијата има и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg