Како да подготвите чизкејк?
Сигурно многу пати сте виделе и слушнале по филмови и на телевизија за познатата американски чизкејк (cheese cake - торта со сирење), но...
...никогаш не сте пробале.
Ние ви нудиме еден лесен и интересен рецепт како сами да си направите вистински зимски колач со меко сирење, глатко чоколадо и егзотичен мирис на мандарина.
Состојки:
- 150 гр. интегрален кекс
- 1 лажичка цимет
- 5 гр. путер
- 100 гр. црно чоколадо
- 500 гр. маскарпоне или шварпско сирење
- Изрендана кора од 3 мандарини
- 75 гр. кафен шеќер
- 4 лажички густин
- 2 јајца
За украс:
- Кришки од мандарина
- Прав шеќер
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Обложете го дното и ѕидовите на модлата за торта со хартија за печење. Кексот ситно издробете го и помешајте го во чинија со цимет и стопен путер. Смесата од кексот ставете ја во модлата и цврсто обликувајте го дното на колачот.
Стопете го чоколадото на пареа. Сирењето изматете го со кората од мандарина, шеќерот и густинот. Додадете го стопеното чоколадо и јајца, а потоа истурете го филот преку кората во модлата. Печете во загреаната рерна 40-45 минути. Оставете го колачот убаво да се олади за да се затегне.
Пред сервирање, украсете го со кришки од мандарина и прав шеќер.Овој чизкејк може да се замрзне и да стои така и до месец ден.
Чекаме да кажете како ви испаднало! На здравје!
Би можело да ве интересира:





