Емпуса, Аземан, Раксаши: Најраните верзии на вампири

Благодарение на поп-културата, терминот „вампир" добил многу поинаква конотација денес, отколку што ја имал пред стотици години.

empusa-azeman-raksashi-ova-se-ranite-verzii-na-vampiri-001.jpg

Митот за вампирот може да се проследи наназад до најраната пишаната историја, а повеќето од старите вампири биле далеку од елегантни, згодни и мистични заводници, како што се прикажани денес.

Емпуса

Овие демони потекнуваат од античка Грција. Се вели дека имале пламена коса, а биле претпознатливи по една бакрена, а една магарешка нога. Тие и биле слуги на божицата Хеката (божица на ноќта). Иако нивната вистинска форма била одбивна, тие се транформирале во убави жени, да ги намамат жртвите на затскриени места, каде што им ја пиеле крвта и се хранеле со нивното месо. За разлика од повеќето европски вампири, Емпуси можеле да се појават и сред бел ден.

empusa-azeman-raksashi-ova-se-ranite-verzii-na-vampiri-2.jpg


Ламија

Ламија била уште еден антички грчки вампир; таа ја пиела крвта на малите деца. Според легендата Ламија била смртна жена, која го привлекла вниманието на Зевс. Љубоморната жена на Зевс, Хера ја претворила во змија и ги убила нејзините деца. Таа, исто така, направила Ламија да не може да ги затвори очите и ја осудила на вечно скитање во ноќта. Иако постои и постара верзија на легендата поврзана со Ламија, оваа верзија е најпозната.

empusa-azeman-raksashi-ova-se-ranite-verzii-na-vampiri-3.jpg


Аземан

Вампир кој се трансформира во рој лилјаци - оваа идеа одамна е вкоренета во митовите. Но, само  неколку митолошки вампири ги имаат овие способности, Аземан е еден таков пример. Овој вампир од Суринам зема облик на стара жена во текот на денот, а на животно во текот на ноќта. Честопати се работи за лилјак, но, исто така може да биде и во друга форма. Тој ја пие крвта од палецот, со што не ги убива своите жртви, туку ги ослабува и ги прави подложни на болести.

empusa-azeman-raksashi-ova-se-ranite-verzii-na-vampiri-4.jpg


Baobhan Sith

Познати и како темни самовили. Овие жени вампири потекнуваат од Шкотска. Тие се во потрага по изгубени патници или луѓе кои останале надвор многу доцна навечер. Се вели дека тие се убави жени, кои носеле долги фустани за да ги сокријат своите нозе, кои изгледале како копита на елен. Им го одвлекувале вниманието на своите жртви со танц, а потоа им ја пиеле крвта. Тие можеле да и ги оживеат мртвите.

empusa-azeman-raksashi-ova-se-ranite-verzii-na-vampiri-5.jpg


Естрие

Естрие е женски вампир од хебрејскиот фолклор. Според некои приказни, Естрие била создадена од мртви нецелосни тела. Таа можела да ја менува својата форма во текот на ноќта и често влегувала во домовите на луѓето, во форма на нивните сакани или блиски личности.

empusa-azeman-raksashi-ova-se-ranite-verzii-na-vampiri-6.jpg


Раксаши

Женски духови во хиндуистичка и будистичка митологија. Освен што се хранеле со живите, тие исто така, беа познати по своите малтретирања на луѓето, особено на членовите на свештенството.

empusa-azeman-raksashi-ova-se-ranite-verzii-na-vampiri-7.jpg


Кумихо

Кумихо е лик од корејска митологија. За ова суштество се вели дека има девет опашки на лисица и дека може да го промени својот облик во убава жена. За неа се вели дека нејзините жртви се моќните луѓе, како императори, кои ги заведувала пред да им ја испие крвта.

empusa-azeman-raksashi-ova-se-ranite-verzii-na-vampiri-08.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Емотивна приказна на мајка од Африка: Ѝ ја украле ќерката 3 дена откако ја родила, ја нашла по 18 го... Само три дена откако Селесте од Јужна Африка се породила, нејзината ќерка била у...
9 работи од кои треба да се откажете (за да живеете среќно) Откажете се од навиката судот на другите луѓе да ви диктира како да се однесуват...
Детали од земјите ширум светот кои кријат необични приказни Ако во Шкотска видите црвена влезна врата, тоа значи дека домаќинот го исплатил ...
Зелка од 30kg, огромно глуварче: 13 работи кои ќе ве запрепастат со големината Огромни грутки мраз кои паѓаат како дожд, цвеќе поголемо од дланката, јајце кое ...
Во Франција има 42.986 - Земји со најмногу кружни текови во светот Со скоро 43.000, Франција е на врвот на листата на 5 земји со најмногу кружни те...
Во Саудиска Арабија ќе ве уапсат: На кои места во светот не смеете да правите селфи? Сакате да се сликате со разјарените бикови кои трчаат низ улиците на Памплона? М...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg