Познати личности кои се доказ дека никогаш не треба да се откажете
Пред да си помислите дека не сте успеале, размислете уште еднаш пред да се откажете. Понекогаш се она што сме го замислувале и планирале не мора да значи дека ќе се оствари при првиот обид, што не значи дека треба да престанеме да го правиме она во кое веруваме.
Животот ни приредува една игра на патеки во која навистина треба да се измачиме за да стигнеме до онаа која нас ни одговара. Честопати кога ќе се повикаме на некоја успешна личност си мислиме дека работите едноставно и тргнале од рака.
Но, доказ дека тоа не е така се следниве приказни за луѓе кои почнале од дното и биле подолго време таму за да упорноста и вербата во она што го сакаат и работат им го донесе она што се денес.
Алберт Ајнштајн
И покрај тоа што името на овој научник е синоним за гениј, еден од можеби најзначајните научници во човековата историја, сепак како мал не ветувал толку многу. Ајнштајн не зборувал се до неговата четврта година, а не знаел ниту да чита се до неговата седма година.
Тоа ги натерало неговите родители, а воедно и неговите учители да помислат дека тој има пречки во развојот или дека едноставно е бавен во размислувањето и дека нема капацитет да се социјализира во оштеството.
Понатаму тој бил избркан од средното училиште и неговиот прием во Шведскиот институт за технологија бил одбиен. И покрај се многумина ќе се согласат дека оној кој се смее последен најслатко се смее. Неговиот живот го завршува со Нобелова награда зад себе, а истотака постанува еден од доајените кои ја променија модерната физика.
Опра Винфри
Иако таа е првата жена, а воошто и првиот Афроамериканец кој станал милјардер, животот воопшто не ја поштедил, наметнувајќи и тежок пат до она што се нарекува успешен човек.
На почетокот на нејзината кариера таа имала огромен проблем со критики за нејзината прекумерна тежина, расизамот, како и прашања поврзани со нејзината сексуалност. Освен тоа низ нејзините детски солзи се крие приказна за педофилија каде таа била жртва на сексуална злоупотреба од страна на нејзиниот братучед, чичко и близок пријател на фамилијата.
Понатаму таа останува бремена и на четиринаесет години раѓа дете кое после само две недели умира. Иако згазена од судбината на животот таа никогаш не се откажала знаејќи дека сето тоа е дел од процесот кој вака или така еден ден ќе помине. Завршува средно училиште како првенец на својата генерација заработувајќи целосна стипендија за колеџ.
И со макотрпна работа ден по ден ја градеше својата империја за да биде она што е денес.
Битлси
Иако сите ги паметат како рок групата која им даде поинаква боја на 60-тите години на минатиот век, сепак нивниот почеток и не бил толку сјаен. Денес многумина ги паметат како една непрестана енергија која сеуште има обожаватели ширум светот, нивниот почеток бил и повеќе од тежок.
Кога сакале да започнат со создавање на своја музика и креирање на свој албум, издавачкото студио во Ливерпул им вратило едно огромно “НЕ” како одговор, со образложение дека тие не го сакаат нивниот звук и дека нивната музика со гитара е застарена и млитава.
Фраза со која половина од светот не можеше а да не се согласи. Љубовта кон музиката и вербата во нивниот сон ги прави она што ние го паметиме за нив денес. Тие заминуваат во историјата со огромен број на продадени плочи, распродадени концерти и музика која до денес се слуша и пее.
Шакира
Како мало девојче таа била исфрлена од училиштниот хор, а нејзиниот учител и кажал дека нејзиниот глас звучи како рикање на коза.
Нејзините први два албуми “Маgia” и “Peligro” кои беа реализирани во деведесетите не беа воошто забележани од широките народни маси.
Но, нејзините родители постојано ја охрабрувале со зборовите “Ти имаш убав глас, држи се до она што си, пушти го твојот глас и не пеј потивко од она што мислиш дека треба да пееш “.
Целата таа животна драма околу тоа да се успее, траела се до 2006 година кога нејзината феноманелана песна “Hips don’t lie” стана една од најпопуларните во тоа време. А нејзиното видео за песната “Waka waka’ во 2010 година кое имаше 700 милиони прегледи на youtube и беше осмото најгледано видео во светот.
Што беше потребно за целиот тој пресврт ? Само трпение, напорна работа, страст, надеж, посветеност и верба дека еден ден се ќе биде онака како што сте замислиле.
Затоа колку и да ви изгледаат вашите соништа нереални,големи и застрачувачки, вашите патишта испреплетени и мрачни и да мислите дека водат кон ќорсокак. Застанете уште еднаш, погледнете повторно и потсетете се дека никој не стигнал онаму каде што е преку ноќ и без константни обиди.
Едноставно е,работите нема да се случат сами, треба да се испотите и нив да ги заслужите. Можеби нема да дојдат со првиот напор, но ќе дојдат, во тоа можете да бидете сигурни!
Н. Буџак | Црнобело