Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Од што најмногу зависи музикалноста?

Психолозите откриле дека отворените луѓе се повеќе склони кон авантури и испробување на нови работи. Истото е и со музиката. Музичката надареност зависи од типот на личноста.

muzikalnosta-e-uslovena-od-karakterot-01.jpg

Во ова истражување биле вклучени 7800 мажи и жени со различни карактери, од кои некои биле музички обучени, а некои не.

Со анализа на собраните податоци на сите 5 класични типови на личности, најсилната утврдена корелација е пронајдена помеѓу отвореноста и музикалноста.

Дури и кога во анализите биле вклучени демографските фактори и музичкото искуство, резултатите биле исти.

Екстровертите полесно ќе научат да пеат, бидејќи се посигурни во себе и повеќе сакаат да го покажат она што го знаат.

Покрај карактерот, постојат и други фактори кои влијаат на тоа дали некој ќе биде музички талентиран или не.

Еден од авторите на ова истражување смета дека влијанието на родителите и воспитувањето исто така можат да одредат дали некој ќе се развие музички или не.

Посебно внимание е посветено и на типот на музиката која испитаниците ја претпочитуваат.

Така, докажано е дека личности кои сакаат тажна музика воопшто не се депресивни, туку имаат висок степен на емпатија и склони се кон компромиси.

Другите научници сметаат дека резултатите на овие истражувања треба да се земат со резерва, бидејќи на музикалноста влијаат и многу други фактори.

Автор: М.A. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најлудите работи што можете да ги сретнете во супермаркет во Кина Месо од крокодил, но и бесплатен автобуски превоз до вашиот дом – што можете да ...
Убавината им е во гените - Како изгледаат славните жени и нивните ќерки на иста возраст? Како изгледала Кетрин Зита-Џонс на 20 години, а каква е нејзината ќерка Карис на...
Необични работи и изуми што можете да ги видите само во Јужна Кореја (фото) Телевизиски канали за кучиња и клупи со соларни панели и полнач за телефон – Нек...
Најубавите двојни имиња за девојчиња (ако не можете да се одлучите за едно) Ана Марија, Нина Миа… Двојните имиња се уникатни и звучат навистина убаво. Ан...
Ситници во домот за кои гостите нема да ви преречат, но сигурно ги забележуваат Валкан под во кујната и мали дефекти низ домот – за кои ситници гостите можеби н...
Кои правила ги следат агентите на Американската тајна служба кога го штитат претседателот? Некогаш му прават друштво на претседателот до тоалетот и ако тој сака да џогира ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg