Влијание на полната месeчина
Неодамна пациент кој бил донесен во болницата во Сиднеј, во неколку ситуации покажал однесување кое е во голема мера слично на однесувањето на...
вампирите. Ако досега сте милеле дека вампирите се некои страшни чудовишта од историските митови, слушнете ја оваа приказна!
Едно истражување покажува дека навистина полната месечина го вади “најдоброто” од нас претоварајќи не во страшни суштества.
Иако ние фактички не се претовараме во крволочни вампири како што тоа го прикажуваат филмовите, научниците тврдат дека покажуваме загрижувачки симптоми.
Едно истражување направено во Австрија врз 91 пациент и кои беа донесени во државната болница во северниот дел на земјата, покажале насилно и агресивно однесување кое е слично и споредливо со она на вампирите.
Една четвртина од овие пациенти ваквиот пресврт во однесување го осетиле за време на една ноќ на полна месечина, објаснува медицинските лица вработени во одделот за токсикологија во државната болница во Австрија.
"Некои од пациентите буквално беа како животни, го напаѓаа персоналот на болницата со гризење и гребење", објаснува едно медицинско лице кој бил жив сведок на ваквото нескојдневно однесување.
Пациентите мораа да се стават под седативи за да може персоналот да се одбрани од нив. Научниците објаснуваат дека во митологијата луѓето за да се трансформираат во вампири или имале “магични формули” кои ги нанесувале на својата кожа или пак вдишувале одредени гасови.
Главната супстанца на овие таканаречени “магични формули”, објаснуваат дека биле растенија кои предизвикуваат делириум и илузии.
Што се однесува до денешните “вампири”, тие не користат растенија кои предизвикуваат вакви илузии, наместо тоа тие денеска користат алкохол или дрога.
Заклучно, научниците тврдат дека пациенти со насилно нарушување на своето однесување имаат поголема можност ова да го манифестираат за време на полна месечина, за разлика од било која друга ситуација.