Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


6 работи за кои треба да се борите секој ден

Животот е борба во која не смее да заборавите на човечноста. Вреди да се борите, но и да останете човечни, да го одржите балансот помеѓу ѕверот и добрината во вас.

6-raboti-za-koi-treba-da-se-borite-sekoj-den-01.jpg

Затоа секој ден, со секое отворање на очите, борете се за овие 6 работи:

1. Квалитетот на вашата личност

Лесните цели не постојат. Целта е точка која ќе ја достигнете ако вложите труд и пожртвуваност. Не постојат исплатливи ризици, без да бараат напор и борба. За неколку децении од овој момент ќе се сеќавате само на моментите во кои целосно сте се вложиле. Не го правете она што е лесно, туку она за што сте способни. Негувајте го квалитетот на вашата личност.


2. Искреност и вистина

Кога не сте автентични во одреден дел од животот, секој обид за раст и развој ќе ве доведе до бес и фрустрација. Вистината секогаш треба да го најде патот до вас, таа не престанува да постои само затоа што ја игнорирате. Преправањето и неискреноста во било кој аспект од вашето постоење ќе ископа темна празнина во вашата душа. Животот едноставно нема да биде на ваша страна ако не го покажете вистинското лице.


3. Ум без завист и љубомора

Ако во било кој дел од денот или животот им се препуштите, цената која ќе ја платите ќе биде вртоглаво висока - лошо расположение, непродуктивност, комплекс на пониска вредност, хронична мигрена... Да бидете љубоморни на она што некој има е исто како да пиете отров и да очекувате  да ви биде подобро.


4. Позитивна промена

Не се борете против она што не го сакате, создавајте го она што го сакате, толку е едноставно. Не ги казнувајте оние кои ве повредиле, фокусирајте се на она што ќе ви помогне да ја ублажите и елиминирате болката. Не се фокусирајте на она од што бегате во животот, обрнете поголемо внимание на големите работи кои сакате допрва да бидат дел од вашиот живот.


5. Вистинска љубов

Не постои сродна душа која ќе ги реши сите ваши проблеми. Не постои љубов на прв поглед која може да трае без вложување, труд и посветеност. Но, постои некој за кој вреди да се борите. Ќе знаете кога ќе ја сретнете таа личност затоа што низ неа ќе ја откриете вашата најсветла страна.


6. Упорност и трпение

Пред да се откажете, размислете си колкава штета би било да не видите резултати само затоа што треба да вложите уште малку труд. Никогаш не знаете што има зад аголот.

Би можело да ве интересира:

6 новогодишни подароци со кои нема да погрешите (за кога немате идеја) Зачини спакувани во убава кутија за оние кои сакаат да готват или планер за нова...
Помалку познати, но значајни жени, чии откритија го сменија светот Знаете ли дека првиот компајлер го напишала жена? Благодарение на Американката Г...
Како да препознаете самоуверени жени кои ретко имаат потреба да импресионираат некого? Што ги прави толку посебни жените кои зрачат со самодоверба и не тежнеат да бида...
Проблеми со кои ќе се соочите ако ѝ раскинете на нарцисоидна личност (низ илустрации) Може да станат бесчувствителни, да пробаат да ве врата со манипулација и да ви с...
Инвалидска количка претворена во кочијата на Пепелашка: Креативни Halloween маски на луѓе со попрече... Девојка со ампутирани екстремитети како порцеланска кукла, детенце во инвалидска...
Морничава исповед на жена: „Моите родители беа сериски убијци – ја убија и сестра ми“ „Сакав да побегнам од Англија во Австралија, но не ми дозволија влез во државата...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg