Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


8 заблуди поврзани со жените со висока самодоверба

Има многу работи кои можеме да ги научиме од жените со висока самодоверба.

8-zabludi-povrzani-so-zhenite-so-samodoverba-01.jpg

Не треба да им завидувате, да ги осудувате и критикувате. Наместо тоа научете нешто од нив и сконцентрирајте се на себе. Работете на тоа да станете подобра личност.

Во продолжение 8-те најголеми заблуди за жените со самодоверба:

Тие се бесчувствителни

Многумина веруваат дека овие жени немаат чувства. Дека не се сочувствуваат со ситуациите и дека тие не поминале ниту една ноќ во размислување за врските кои ги имаат со луѓето или пак за нивната кариера. На кратко, дека се себични и егоцентрични. ГРЕШКА! Тие имаат моменти на слабост исто како и сите други луѓе, само знаат да се контролираат.


Не сакаат комплименти

Секоја жена, без разлика дали е полна со самодоверба или не, сака пофалби и комплименти, само разликата е во прифаќањето. Силните девојки би рекле само „благодарам“ и нема да покажат дека се премногу возбудени или среќни. Затоа луѓето си помислуваат дека тие дури и мразат комплименти. Но, верувајте жените со самодоверба сакаат пофалби и навистина ги заслужуваат.


Тие секогаш знаат сè

Да, жените со самодоверба се паметни и интелигентни, токму тоа ги прави и силни – но тоа не значи дека знаат сè. Овие жени не се плашат да си ги признаат грешките и да извлечат поука од нив.


Не се плашат од ништо

Дури и најсилната жена има најмалку еден страв. Овие жени како и сите останати се плашат од неуспех, од смрт, од осаменост, од скршено срце. Само што разликата е во тоа што тие не подлегнуваат на предизвиците, туку токму тогаш стануваат посилни со повеќе верба која ги носи до посакуваниот успех.


Не им е грижа за туѓото мислење

Има разлика помеѓу тоа да бидете загрижени за она што ќе кажат луѓето, а друго е да го земете предвид нивното размислување. Силните жени немаат потреба да бараат одобрувања и да бидат контролирани.


Никогаш не се повредени

Ова е страшна заблуда која луѓето ја имаат за силните жени. Силните жени се обични луѓе од крв и месо, не се карпа мраз. Тие чувствуваат болка, фрустрација, депресија, баш како сите други.


Не можат да сакаат

Можеби имаат проблеми да ги искажат чувствата, но тие чувствуваат. Тие ги сакаат луѓето, животните и светот. Кога една ваквата девојка ќе се заљуби, таа прави сè за да ја докаже својата љубов. Не да каже со зборови, туку да ја покаже. Затоа момци не плашете се од овие девојки. Наместо да ги напаѓате и критикувате, поработете на својата самодоверба.


Тие се нарцисоидни

Само затоа што се сигурни и одат со главата гордо исправена не значи дека не ги почитуваат другите и дека мислат само на себе. Тие секогаш се обидуваат им помогнат на останатите и да ги инспирираат да живеат подобар живот. Себичноста не е нивна карактеристика.

Би можело да ве интересира:

Ги откопуваат мртвите за да ги избањаат и да им ја сменат облеката – Бизарна церемонија на народ во ... Секој август, луѓето од народ во Индонезија ги откопуваат телата на нивните почи...
Жена од Канада создава куќички за кучиња од LEGO коцки: „Имам неколку стотици илјади коцки и продолж... Лорета Квинси својата страст од детството ја претворила во нешто уникатно. Ло...
Храна, бензин: 11 трикови како да заштедите пари и платата да ви издржи до 1-ви „Дадете си задача еден месец да не фрлите ништо од храна. Кога бананите ќе почну...
Животни лекции кои некои луѓе (за жал) ги учат премногу доцна во животот Не можете да контролирате сè и колку побргу го сфатите тоа, толку посреќни ќе би...
Трикови за кул фотки: 7 фото-споредби како не треба, а како треба да позирате Како да изгледате совршено на фотографиите? Корисни трикови за позирање од герма...
Идеи за тетоважи во спомен на изгубените сакани личности во вашиот живот Тетоважа која симболизира абортус, починат родител, баба и дедо или сопружник - ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg