Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Поучно писмо до сите млади: Не дозволувајте никој да ве спречи да сонувате

За својот 65-ти роденден Ричард Бренсон се одлучил да исполни 65 предизвици кои ќе ги добива од луѓето ширум светот. Меѓу 65-те предизвици се нашол и еден во кој Бренсон треба да пронајде млада личност на која ќе и помогне да успее без да и понуди материјални средства.

ricard-brenson-moj-iskren-sovet-do-mladite-01.jpg

Идеалната прилика за исполнување на овој предизвик дошла преку писмото на едно младо девојче од Кент.

„Неодамна добив прекрасно писмо од 9-годишната Ени Спајсер Џоунс. Покрај нејзиното писмо, добив и неколку дизајни за авион кој самата таа го измислила, па решив да и помогнам со неколку совети како да ги оствари своите соништа“ – изјавил Бренсон.

„Драг Ричард Бренсон,

Подоцна во пликот ќе најдеш неколку нацрти од авион кој јас го измислив. Во моментот тие се само нацрти и би било убаво ако успееш да ги погледнеш. Авионот сама го именував. Наречен е D-12 Splash. D буквата е добиена по случаен избор, 12 според датата на моето раѓање и Splash затоа што е првото нешто што ми падна на памет.

Ти благодарам,

Ени Спајсер Џоунс (9 години)“ – било писмото кое го добил Бренсон.

ricard-brenson-moj-iskren-sovet-do-mladite-1.JPG

Одговорот на Бренсон гласел:

„Драга Ени,

Ти благодарам за писмото. Твојата креативност е инспиративна. Јас уживам во можноста да разговарам со младите луѓе околу нивните соништа. Често, децата се учат што не можат да прават и што не би требало да прават, но така само се ограничува фантазијата. Не дозволувај никој да те спречи да сонуваш. Фантазијата е еден од најголемите дарови кои можеш да ги поседуваш. Без неа никогаш не би успеале да го промениме светот и да го направиме подобро место.

Ми се допаѓаат твоите дизајни, а што е најважно, си се потрудила твоите идеи да ги преточиш во нацрти. Продолжи така. Како што ќе растеш и созреваш ќе откриеш дека само така можеш да ги оствариш твоите соништа. Јас константно чкрткам и ги запишувам своите идеи. Покрај себе секогаш имам нотес. Да не беше тој нотес можеби Virgin немаше никогаш да постои.

Супер е тоа што се обидуваш да ја промениш авионската индустрија со нов производ. Тоа е иновативност. Ова е голем збор, знам, но како што ќе созреваш и ќе почнеш да работиш, ќе откриеш дека инвентивноста е доста важна работа во животот. Инвентивноста е клуч за најголемите успеси на човештвото.

Меѓу другото, ми се допаѓа што си заинтересирана за индустрија во која доминираат мажите. Ако размислуваш да станеш инженер или пилот, мојот совет е да се посветиш на твојата желба. На светот му требаат повеќе жени инженери, пилоти и претприемачи. Ако се посветиш на твојот сон, со сигурност ќе го оствариш.

Ти благодарам на писмото. Важно е да бараш совети и повратни зборови не само во работата, туку и во животот. Неверојатен е фактот колку врати можат да ти се отворат во животот, ако се насочиш кон луѓето со насмевка на лицето, позитивен став и желба за позитивно влијание.

Продолжи да дизајнираш и да сонуваш Ени – кој знае, можеби еден ден ќе работиш со нас за некои од нашите авиони.

Сè најдобро,

Ричард Бренсон“.

ricard-brenson-moj-iskren-sovet-do-mladite-2.jpg

Би можело да ве интересира:

13 неверојатни ситуации што се случуваат само еднаш во животот (фото) Постојат ситуации кои може да ви се случат само еднаш во животот и никогаш повеќ...
Морничава исповед на жена: „Моите родители беа сериски убијци – ја убија и сестра ми“ „Сакав да побегнам од Англија во Австралија, но не ми дозволија влез во државата...
5 психолошки трикови што треба да ги знаете (и ќе ви го олеснат животот) Дали знаевте дека кога се ракувате, личноста што ја држи раката одгоре секогаш с...
Богати и славни личности кои биле без „скршен денар“ кога починале Витни Хјустон должела дури 20 милион на нејзината издавачка куќа, додека за погр...
Зошто се нарекува Даунов синдром + како биле третирани лицата со нарушувањето во минатото? Лицата со попреченост, воедно и оние со Даунов синдром, порано биле затворани во...
Низ илустрации: Колку се смени животот во последните 30 години? Родителите го почитуваат мислењето на децата, зависни сме од технологија... Кои ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg