Марк Закерберг објави видео за една сиромашна Филипинка: „Не сакав да собирам школки, сакав нешто повеќе за себе“
Младата Риза е девојка со неверојатна приказна. Девојка која ако не успеала да ги оствари своите соништа, ќе ја продолжела работата на жените од нејзиниот остров – собирање на школки.
„Живеам на мал остров каде единствената работа на жените е да собираат школки, но сакав нешто подобро за себе” – така ја започнува својата приказна оваа млада девојка.
Токму затоа, се одлучила да го употреби Internet.org за да студира и да биде првата жена во своето семејство со некаква диплома.
„Затоа се одлучив да студирам Компјутерски науки. Секојдневно патував со чамец за да можам да присуствувам на часовите. Кога ја подготвував тезата имаше силен тајфун. Не можев да излезам надвор од островот со недели. Мојот телефон стана моја виртуелна училница и начин на комуникација со колегите. Го употребувавме Фејсбук преку Internet.org за да ја подготвиме тезата“ – раскажува Риза.
Риза е дел од оние луѓе кои се наоѓаат во посиромашните и неразвиените делови на светот каде благодарение на оваа интернет страна имаат можност да го искористат својот потенцијал.
This is an amazing story about Riza -- a young woman on a small island where the only job for women was collecting seashells, yet she used Internet.org to earn a degree in computer science.Being connected means having opportunity. We're going to connect the whole world so one day everyone can achieve their full human potential -- just like Riza.
-->Posted by Mark Zuckerberg on Monday, October 12, 2015